Атакамски скелет, попопуларен како Ата, е скелет, или човеколик зародиш[1] , долг 150 мм кој бил пронајден во напуштениот град во пустината Атакама во Чиле во 2003. година. Кога е пронајден, Ата завршил во приватна колекција во Шпанија. Скелетот го пронашол Оскар Муњос, во близина на напуштениот храм во „градот на духовите“ популарен како Ла Норија. Муњос подоцна го продал костурот на локален сопственик на паб за 30.000 пезоси. Потоа тој го продал на шпанскиот стопанственик Рамон Навија-Осорио, кој е моменталниот сопственик [2].

Пустината Атакама, најсувата во светот, која се наоѓа во северниот дел на Чиле

Иако на почетокот се сменало дека костурот е постар, остатоците се стари само неколку децении. Тоа е потврдено кога е откриено дека ДНК е многу квалитета. Ата има неправилна форма на главата и му фалат две ребра. Постојат неколику хипотези за тоа што е Ата. Некои мислат дека Ата е само човечки костур. Но многумина веруваат дека тоа е многу мала веројатност поради неговата големина. Но многу научници мислат дека Ата е само дете и дека страдал од тешка форма на закржлавеност. Многу научници како и многу луѓе верувале дека Ата е всушност костур на вонземјанин но таа можност е поништена кога е откриено дека Ата во себе има човечки гени [3].

Наводи уреди

  1. Origin of 'six-inch mummy' confirmed. BBC News. 22 March 2018.
  2. „Bizarre 6-Inch Skeleton Shown to Be Human“. Архивирано од изворникот на 23 октомври 2013. Посетено на 22 август 2014.
  3. Bryner, Jeanna (29 април 2013). „Alien-Looking Skeleton Poses Medical Mystery“. Livescience. Посетено на 7 мај 2013.

Надворешни врски уреди