Аспере — село во парохијата Хаљала, округот Лене-Виру, во североисточна Естонија.[1] Од Раквере е оддалечено на околу 20 километри.

Ова е фотографија од споменикот на естонското културно наследство нумерирана

Дворец Аспере

уреди
 
Дворец Аспере

Дворецот Аспере за прв пат бил споменуван во 16 век. Сегашната зграда го добила својот изглед околу 1800 година. Дворецот е еден од најдобрите примери во Естонија за неокласична архитектура на домови. Куќата била оштетена во пожар во 1966 година. Дворецот е опкружен со величествено дизајниран парк.[2][3]

Последниот сопственик пред естонската земјишна реформа во 1919 година бил Едуард фон Делингсхаузен, кој бил голем поддржувач на идејата за создавање на Обединетото Балтичко Војводство со доминација на Германија по Првата светска војна.[4]

Значајни жители

уреди

Аспере било родното место на лекарот и ботаничар Бернхард Сарсо (1899–1964).

Наводи

уреди
  1. „X-GIS(4) Portal“. xgis.maaamet.ee. Посетено на 23 July 2021.
  2. Viirand, Tiiu (2004). Estonia. Cultural Tourism. Kunst Publishers. стр. 119. ISBN 9949-407-18-4.
  3. Sakk, Ivar (2004). Estonian Manors - A Travelogue. Tallinn: Sakk & Sakk OÜ. стр. 142–143. ISBN 9949-10-117-4.
  4. Sakk, Ivar (2004). Estonian Manors - A Travelogue. Tallinn: Sakk & Sakk OÜ. стр. 142–143. ISBN 9949-10-117-4.

Надворешни врски

уреди

59°25′N 26°07′E / 59.417° СГШ; 26.117° ИГД / 59.417; 26.117