Архивски знаци
Архивски знак — поим во архивистиката кој означува ознака на досието утврдена при сместување на предметот.
Видови на архивски знаци
уредиАрхивските знаци се поделени на општ и посебен дел. Во општиот дел се опишани следниве видови на знаци:[1]
- основање, организација и развој,
- управување и раководење,
- канцелариско-архивски, правни и општи работи,
- човечки ресурси,
- финасиско и материјално работење,
- одбрана и безбедност,
- електронски систем и автоматска обработка на податоци.
Основање, организација и развој
уреди- 0101 — Документи/записи за основање, регистрација и статусни промени (одлука за основање, договор за основање, пријава за упис и сл.), општи акти кои произлегуваат од надлежноста и дејноста на имателот (колективни договори, статути, правилници, упатства и сл.), акти за организација, интеграција, трансформација, ликвидација, акционерска книга и сл;
- 0102 — Програми и планови за работа и развој (перспективни, годишни, периодични), Извештај за работењето на имателот (годишни и периодични);
- 0103 — Анализи, елаборати, студии, информации и сл. за работата и дејноста на имателот;
Управување и раководење
уреди- 0201 — Акти, материјали и записници од работата на органот на управување (Собрание, Собир на содружници, Совет или други органи) и материјали што произлегуваат од донесените одлуки;
- 0202 — Акти, материјали и записници од работата на извршниот орган (Управен одбор, Извршен одбор, Одбор на директори или друг орган) и материјали што произлегуваат од донесените одлуки;
- 0203 — Материјали и записници од работата на надзорните органи (Надзорен одбор, ревизор и сл.);
- 0204 — Акти и материјали од работата на раководниот орган (функционер, управител и сл.);
- 0205 — Материјали од работата на стручните и советодавните органи (Колегиум, Стручен колегиум и сл.);
- 0206 — Материјали и записници од работата на постојани и повремени комисии;
- 0207 — Изборни материјали на органите на управување;
Канцелариско-архивски, правни и општи работи
уреди- 0301 — Книги за основна евиденција на документите во канцелариското работење (деловодници, уписници, и сл.) и помошни книги за евиденција (книги за печати и штембили, книги за реверси, регистри, попис на документи/записи, доставни книги и сл.);
- 0302 — Преписка (расписи, писма од информативен карактер, покани за седници и состаноци, предлози, издавање на уверенија и потврди, одлуки, известувања и писма добиени од други правни или физички лица, барања на услуги и сл.), записници за извршено примо-предавање на работите и должностите;
- 0303 — Евиденции и документи во врска со канцелариското и архивското работење: План на архивски знаци, Список на архивски материјал и Список на документарен материјал со рокови на негово чување; Попис и опис на архивскиот материјал; Попис на документарниот материјал предложен за уништување, барање на согласност за уништување и решение за негово уништување; материјали во врска со чувањето, заштитата и користењето на архивскиот материјал кај имателот; записници за примопредавање на архивскиот материјал;
- 0304 — Записници, решенија и преписка за извршениот инспекциски и стручен надзор;
- 0305 — Статистички извештаи и прегледи (годишни и периодични);
- 0306 — Правни работи (евидентни книги, тужби, жалби, приговори, полномошна, полиси, налози, опомени, решенија, рекламации, барања, преписка и сл.);
- 0307 — Договори: за деловно-техничка соработка, за техничко-технолошки иновации и унапредувања, за услуги и сл;
- 0308 — Акти и материјали за имотно-правни работи (договори решенија, спогодби, техничка документација, согласности, дозволи, имотни листови и сл.);
Човечки ресурси
уреди- 0401 — Материјали во врска со распишување и спроведување на конкурс-оглас (одлуки за распишување, записници на комисијата, известувања, приговори и сл.);
- 0402 — Матични книги и досиеја на вработените (пријави и одјави на вработени, договор /решение за засновање работен однос, одлуки за засновање и престанок на работен однос, решенија за распоредување на работа, за минат труд, годишен одмор, отсуства, боледување и сл.);
- 0403 — Книги за евиденција, планови, програми и материјали за стручно образование и оспособување на работниците, специјализација, стипендирање и сл;
- 0404 — Материјали и акти во врска со одговорноста на работниците (барања за покренување постапка, решенија за формирање на комисија, покани, записници од сослушувања, изјави, извештаи за проценки, решенија за изрекување мерки и приговори);
- 0405 — Преписка во врска со остварување права од работен однос;
Финансиско и материјално работење
уреди- 0501 — Годишна сметка, Годишен финансиски извештај, финансиски планови;
- 0502 — Прописи и упатства за финансиско и материјалното работење;
- 0503 — Евиденции и документи за финансиското работење за буџетски корисници — Деловни книги на буџетите и буџетските корисници: (дневник, главна книга (книга на приходи и расходи и книга на средствата, обврските и изворите на средствата) и помошни книги (аналитичка евиденција: книга на влезни сметки, книга на излезни сметки, книга за набавки, книга (попис) за инвентарот, книга (попис) на капиталниот имот, книга за јавниот долг, книга за благајна, книга на побарувањата и обврските и книга на изводи на сметката); Сметководствени документи врз основа на кои се внесени податоците во деловните книги; Исправи што се однесуваат на платниот промет; Продажни и контролни блокови, помошни пресметки и слични исправи;
- 0504 — Евиденции и документи за финансиското работење за даночни обврзници: Трговски книги, сметководствени документи, записи и пописи, белешки за применети сметководствени политики и други документи во врска со организацијата; Деловни писма и кореспонденции, Сметки за книжење, Други документи доколку имаат значење за оданочување; Евиденции за готовински промет (денарска и девизна благајна);
- 0505 — Евиденции и документи за финансиското работење на непрофитни организации: Дневник; Главна книга; Помошни книги (аналитичка евиденција); Сметководствени документи врз основа на кои се внесени податоците во деловните книги; Исправи што се однесуваат на платниот промет; продажни и контролни блокови, помошни пресметки и слични исправи;
- 0506 — Биланси, конечни пресметки на плата на работниците и учество во добивката, исплатни листи на плати и учество во добивката; картони за плати и пријави на податоци за утврдување на нето плати и стаж на осигурувањето; договори за долгорочни заеми и кредити;
- 0507 — Досиеја за јавни набавки;
- 0508 — Преписка за финансиско и материјалното работење;
Одбрана и безбедност
уреди- 0601 — Акти и материјали од работата на органите на управување и раководење во врска со одбраната и безбедноста (упатства, одлуки, решенија, наредби, извештаи, анализи, сертификати, информации и сл.);
- 0602 — Евидентни книги за одбраната и безбедноста (посебен деловодник за документи со степен на класификација);
- 0603 — Плански документи за спроведување на подготовки за одбраната и безбедноста;
- 0604 — Записници од инспекцискиот надзор во врска со одбраната и безбедноста;
- 0605 — Материјали во врска со мерките за посебна заштита на архивскиот и документарниот материјал;
- 0606 — Преписка во врска со одбраната и безбедноста;
Електронски систем и автоматска обработка на податоци
уреди- 0701 — Документација и преписка за изградба и функционирање на електронски систем (спецификација, идеен и главен проект, атести, сертификати, лиценци, одржување, надградба, обуки, упатства, препораки, извештаи и сл.);
- 0702 — Документација и преписка за чување и заштита на електронски документи (резервни заштитни примероци, пренесување и сл);
Посебен дел
уредиПосебен дел се пополнува согласно организационата структура на имателот на архивскиот материјал по сектори и одделенија или кај приватни иматели со посебна структура.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Образец за план за архивските знаци — портал „Академик“
- Правила за архивско работење Архивирано на 16 јули 2015 г. — портал „Правдико“