Арсо Србиноски
Арсо Унуфриев Србиноски (1924 во Мешеишта, Охридско — јули 1945 во Белград) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиАрсо Унуфриев Србиноски е роден во селото Мешеишта. Се занимавал со земјоделие. Организирано работи како младински работник од 1943 година. Во НОБ стапува на 11 октомври 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада, учествува на Сремскиот фронт, каде тешко се разболува. Умира во воената болница во Белград во јули 1945 година.[1]