Арсе Лулески
Арсе Трифунов Лулески (1913 во Издеглавје, Охридско — 21 октомври 1944 во Зајас, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиАрсе Трифунов Лулески е роден во селото Издеглавје. Се занимавал со земјоделие. Активист е во движењето од 1943 година. Од формирањето на партизанскиот одред Славеј, се најдува во неговите редови. Со губењето на слободната територија во декември 1943 година се повлекува сè до 7 август 1944 година, кога повторно стапува во Шестата македонска бригада. Загинува кај селото Зајас во борба против балистите, на 21 октомври 1944 година.[1]