Арсени Костенцев
Арсениј Георгиев Костенцев е истакнат просветен деец, патеписец и општественик, роден во Штип 1842 година.
Арсени Костенцев |
Биографија
уредиДејност до 1878 г.
уредиАрсениј Костенцев е роден во август 1842 година во Ново село, Штипско, Македонија. Татко му Георги Костенцев бил трговец, кој бил необразован, но сакал своите два сина да ги образува. Арсениј Костенцев учел во тогашното во бугарско егзархиско училиште во родното село. На Петровден 1858 година добил задача да оди во Струмица, и да изврши литургиско читање, кое го извршил на словенски јазик, што силно го разлутило струмичкиот грчки владика Јеротеј, кој наредил Арсениј да биде убиен.
Откакот татко му починал во 1859 година тој се преселил во Струмица кај своите роднини, Костадин и Ташо Раненикови, а во март 1860 година бил испратен да биде учител во струмичкото село Робово.
Тука заедно со селскиот трговец Мицо Караџата, ќе го отворат првото училиште на народен словенски јазик во Струмица. По иницијатива на Дедо Мицо, ќе соберат пари не само за училиштето, туку и за селска црква, што дополнително ќе ги разлути патријаршите, па ќе биде наклевет пред турските власти и уапсен. По неговото апсење, бил однесен во Солун.
Наскоро ќе се врати да учителствува во Робово, но поради постојаните клевети ќе мора неколку пати да се враќа во Солун. Тука ќе се запознае со Стефан Веркович, и заедно ќе започнат да собираат и запишуваат народни песни и обичаи.
Од 1865 до 1866 година ќе биде учител во струмичкото село Попчево, а од 1866 до 1867 година во Ваташа, Тиквешко.[1]
Но и во Ваташа повторно ќе се судри со неговиот „омилен“ владика Јеротеј, и пак ќе мора да замине пред Солунскиот валија. Неговото конечно ослободување се случило само откако ветил дека ќе ја напушти Струмичката епархија.
Се решава да замине за Цариград и оттаму да се префли и да се дошколува во Русија.
По пат пренесува важни документи, во врска со решавањето на македонксото црковно прашање. Во Цариград се запознава со доктор Стојан Чомаков и Петко Славејков. Тука се сретнува и со рускиот амбасадор гроф Николај Игнатиев, кој му помогнал да замине во Русија. На крај се откажал од учење во Русија и останал да учи во Измир. Со препораки од Стефан Веркович и Димитар Поп Георгиев е назначен во 1867 - 1868 година за учител во Пехчево. Потоа кратко учителствувал во Протестантското училиште во Пловдив. Од 1868 до 1870 година предава помеѓу гркомани и унијати во селото Елјагонија, Малгарско, каде што распространува весникот „Македонија“ и друга литература од Петко Славејков. По некое време е прогонет и од таму од грчките владици, и заминува за Цариград каде се сретнува со Антим Видински, Панарет Пловдивски, Евстатиј Пелагониски и Петко Славејков и со други видни дејци. Потоа се враќа во Малгара со дозвола да учителствува во селото, и по наредба на Славејков ја обиколува Малгарската каза и ја опишува.
Во 1870 година, како слушател во Штипското педагогиско училиште, за три месеци ја научува звучната метода на предавање од Јосиф Ковачев. Во учебната 1870 - 1871 година е учител во Неготино, каде што за прв пат ја воведува звучната метода и гимнастиката во наставниот процес. Во 1871 година присуствува на Учителскиот собор во Прилеп. Во 1871 - 1872 година е учител во Битола, каде што главен учител тогаш е Димитар Македонски, заменет подоцна од Велко Нејчов. По годишниот испит ја напушта учителската служба и заминува за Штип, каде што со брат му Михаил Костенцев отвора книжарница. Како патувачки книжар ги обиколува Кавадарци, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Кочани, Виница, Царево Село, Бобошево, Дупница и Горна Џумаја, пропагирајќи ги идеите на круговите околу Петко Славејков и повикувајќи го населението на востание. Од 1872 до 1878 година е учител во Горна Џумаја, каде што ја организира мрежата на Македонскиот револуционерен централен комитет. Заедно со Константин Босилков го претвораат основното училиште во класно училиште. Учествува во раководството на Горноджумајската општина. Во летото на 1874 година, сите учители од Самоковската епархија се собираат на првиот учителски собор. Во јули 1875 година Арсениј Костенцев силно ја активизира својата револуционерна дејност во Самоков и Пазарџик, а оттаму ја обиколува целата Горнотракиска низина, правејќи паузи во Пловдив, Асеновград, Калофер, Сопот, Стара Загора и се сретнува со дејци на револуционернато дело.
Арсени Костенцев се оженил на 20 јули 1876 година за Марика – ќерка на богатиот џумајски трговец Гоше Дочанов. Руско-турската војна го затекнува во Горна Џумаја. Во зимата на 1877 година организира локални милиции за заштита од нападите на турскиот башибозук. Ги пречекуваат првите руски војски кај селото Кочериново. Се враќа во Горна Џумаја по ослободувањето на градот на 24 февруари 1878 година. Потоа е избран за член на судскиот совет од страна на Пјотр Алабин по наредба на Марин Дринов.
Дејност после 1878 г.
уредиАрсени Костенцев за време на Кресненско-Разлошкото востание останува во Горна Џумаја. Застапува се за обвинетиот за убиството на Стојан војвода Димитар Попгеоргиев пред рускиот мајор Иван Орлински. По Берлинскиот конгрес, на којшто е решено Горна Џумаја да остане во рамките на Турција, е испратен како претставник на регионот до Александар Дондуков-Корсаков со молба Горна Џумаја сепак да остане во рамките на Бугарија. Се сретнува и со меѓународната комисија по предавањето на градот на Турците, но и оваа средба била неуспешна.
После предавањето на Горна Џумаја на Османската империја во јули 1879 година, се преселува во Бобошево со своето семејство. Во учебната 1880–1881 година е назначен од Министерството за просвета и за предавач во Софиското еврејско училиште, а во останатото време заедно со брат му Михаил ја одржува книжарницата.
Во летото на 1881 година се враќа во Македонија и тоа како учител во Струмица, испратен од страна на Бугарската егзархија. Со многу тешкотии учителската дејност тече до февруари 1883 година, кога Арсени Костенцев е испратен во Емборе, каде што предава две учебни години (1884 - 1886).
По настојување на митрополит Методиј Кусев пишува споменари, коишто излегуваат од печат во 1917 година. Автор на предговора е Иван Вазов.[2] Истата година ги напишува иМемоари од Македонија од 27 декември 1917 година.[3]
Арсениј Костенцев умира во Софија во1921 годинаПредлошка:Костенцеви
- Спомени на Арсени Костенцевъ. 2-ро издание. София, Ал. Паскалевъ и С-ие, Командитно Книгоиздателско Дружество, 1917.
- ↑ „Документи за българското Възраждане от архива на Стефан И. Веркович 1860-1893“. София, 1969, стр. 144.
- ↑ Гергова, Ани, Българска книга енциклопедия, Pensoft, София, 2004 г., стр. 255.
- ↑ Македония : Сборник от документи и материали. София: Българска академия на науките. Институт за история. Институт за български език, Издателство на Българската академия на науките. 1978. стр. 605.