Арсеницин А
хемиско соединение
Арсеницин А е природен соединение на арсен со молекуларна формула C3H6As4O3. Првпат бил изолиран од Echinochalina bargibanti.[1] Соединението содржи структура на кафез слична на структурата на адамантинот во кој четири метанетрил јаглероди се заменети со атоми на арсен и три од шестте метиленски мостови се заменети со кислородни атоми. Арсеницинот А претставува прво полиарсенично соединение пронајдено во природата. Арсеницинот А е активен против промелоцитната леукемија во пониски концентрации од арсен триоксид.
Наводи
уреди- ↑ Mancini, Ines; Guella, Graziano; Frostin, Maryvonne; Hnawia, Edouard; Laurent, Dominique; Debitus, Cecile; Pietra, Francesco (2006). „On the First Polyarsenic Organic Compound from Nature: Arsenicin a from the New Caledonian Marine Sponge Echinochalina bargibanti“. Chemistry: A European Journal. 12 (35): 8989–94. doi:10.1002/chem.200600783. PMID 17039560.