Арпеџо
Арпеџато (италијански: arpeggiato), или скратено arp., е начин на одделено свирење на созвучја како што се прави на харфа (името потекнува од италијанското име за харфа - Arpa). Се обележувас со вертикална брановидна линија пред созвучјето и означува дека тоа се разделува од најнискиот до највисокиот тон (горна слика).
Доколку на брановидната линија се наоѓа стрелка насочена надолу, арпеџатото се свири обратно, од највисокиот топ кон најнискиот (долна слика). Со обзир дека при сврирењето на харфа созвучјата се арпеџирани, посебно се напоменува кога сите тонови на созвучјето треба да се свират истовремено со ознаката non arp.(eggiato).