Арпад Фести (унгарски: Árpád Feszty 21 декември 1856 – 1 јуни 1914) — унгарски сликар.

Арпад Фести

Животопис уреди

 
Детал од Пристигнувањето на Унгарците, огромна циклорама (1800 m2) на Арпад Фести и неговите асистенти, насликана за прославата на илјада годишнината од освојувањето на Унгарија

Роден е во градот Оѓала (тогашна Унгарија, сега Хурбаново во Словачка). Неговите предци биле германски доселеници (оригиналното презиме му било Реренбек). Тој бил петтото дете на Силвестер Реренбек (1819-1910), богат земјопоседник во Оѓала и неговата сопруга Јозефа (Линзмајер). Силвестер бил облагороден од царот на 21 април 1887 година, а потоа семејството го зело името Мартоси Фести (или, на германски: Фести од Мартос).[1] Фести најчесто сликал сцени од унгарската историја и религија.

Студии и дела уреди

Студирал во Минхен од 1874 година, а подоцна (1880-1881) во Виена. По враќањето дома во Унгарија, тој бил прославен со сликите од опусот насловен како „Голгота“, а тоа се „Калварија“ и „Несреќа во рудникот“. Тој ја насликал во 1894 година својата позната монументална слика Пристигнувањето на Унгарците во Панонската низина, во која е прикажано доаѓањето на Унгарците на денешната територија во 896 година, по повод илјада годишнината од освојувањето. Во работата учествувале и многу други сликари, меѓу кои и Јене Барчај, Даниел Михалик и Ласло Медњански. Таа била сериозно оштетена за време на Втората светска војна (сликата циклорама со обем од речиси 120 метри и 15 метри височина, а со тоа и околу 1800 м2 во обем, била исечена на 8 метарски парчиња, кои биле свиткани и чувани во разни музејски магацини). 

Живеел во Фиренца од 1899 до 1902 година. По враќањето дома, тој сликал помали слики и повеќе страдал од финансиски тешкотии.

Неговата уметност ги комбинира академските и натуралистичките тенденции. Неколку од неговите дела се во сопственост на Националната галерија на Унгарија во Будимпешта.

Неговите браќа Адолф и Ѓула Фести биле познати архитекти; неговата ќерка Маша (Марија) Фести, исто така, станала сликарка, главно на пејзажи, портрети и религиозни сцени. Меѓу другите, нејзиниот портрет на унгарскиот вајар Еде Калос е во сопственост на Унгарската национална галерија.

Наводи уреди

  1. Démy-Gerő family archive, Brisbane, Australia

Надворешни врски уреди