Арклинеа, исто така познат како Арклинеа Аредаменти Спа, е италијанска компанија за дизајн. Била основана во Калдоњо, Италија во 1925 година од Силвио Фортуна, како столарска продавница: Силвио го продолжил бизнисот што го започнал неговиот прадедо во 1816 година и бил прекинат еден век подоцна со војната. Компанијата го променила своето име од „Ditta Silvio Fortuna, lavorazione meccanica del legno“ во „Arclinea Cucine Componibili“ во 1960 година и почнал да се фокусира исклучиво на кујнски мебел во 1960 година. Во тој момент, фирмата започнала со изработка на мебел специјално дизајниран за држење на апарати, кои вообичаено се сметале за посебен елемент за дизајн на кујната. Ова довело до поелегантен, рационализиран изглед на кујната. Анџело, Алмеридо и Лена, синовите на Силвио, исто така и се приклучиле на компанијата.

Арклинеа
Тип Компанија во приватна сопственост
Индустрија Мебел
Основана Калдоњо, Италија, 1925; пред 98 години (1925)
Основач Силвио Фортуна
Седиште
Облас на среќавње
Насекаде низ светот
Продукти Кујнски мебел и додатоци
Веб страна http://www.arclinea.it

Во 70-тите, третата генерација на Фортуна и се приклучила на компанијата со влегувањето на Силвио, Валтер, Марилина и Џани.

Компанијата успешно вовела неколку модуларни дизајни на кујни на пазарот во текот на 1960-тите и 1970-тите, работејќи со различни европски дизајнери како Лучи & Орландини, Карло Бартоли,Еторе Сотсас и Асоцијати, Роберто Памио, Енцо Берти. Во 1987 година, Арклинеа соработувала со италијанскиот архитект Антонио Цитерио, кој дизајнирал и координирал различни модели на кујна.

Арклинеа е призната со бројни награди, вклучувајќи ја и највисоката италијанска награда за дизајн, Компасо д'Оро и наградата Elle Decor Designer of the Year во 2004 година. Арклинеа се проширила и надвор од Италија, со локации во Европа, Азија, Австралија и Северна и Јужна Америка. Првиот самостоен салон во САД бил отворен во Бостон во 2001 година, иако производот претходно се продавал во Чикаго.

Денес Арклинеа сè уште е во сопственост и управувана од семејството Фортуна: во 2010 година со Федерико, внукот на Анџело, член на четвртата генерација, и се приклучил на компанијата

Надворешни врски

уреди