Аристовул Британски

Аристовул Британски е христијански светец и еден од седумдесетте апостоли.

Аристовул Британски
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Англиканска црква
Православна црква
лутеранска црква
Слава 16 март

Бил брат на Апостол Варнава, и е роден на Кипар. Му последувал на апостол Павле, кој и го споменува во Посланието до Римјаните (16:10). Кога апостол Павле поставувал многу епископи за разни краеви на светот, тогаш го поставил и Аристовул за епископ Британски.

Според христијанската традиција, во Британија имало диви народи, неверни и опаки, и Аристовул претрпел меѓу нив неопишливи маки, беди и пакости. Го удирале без милост, го влечеле по улици, му се ругале и му се потсмевале. Но на крајот овој свет маж дошол до успех со силата на благодатта Божја. Ги просветил народите, ги крстил во името на Христа Господа, изградил цркви, свештеници и ѓакони посветил[1].

Православната црква неговиот ден го чествува на 16 март.

Наводи

уреди
  1. „Охридски пролог“ стр. 110