Аргумент на ублажување
Аргумент на ублажување (лат. argumentum ad temperantiam; познат и како аргумент на средината, лажен компромис, сива грешка и грешка на златната средина)[1] е неформална грешка според која до вистината може да се дојде со компромис меѓу две спротивставени позиции (со што би се добила ублажена, средна позиција). Оваа грешка е спротивна на лажната дилема.
Според Владимир Буковски, средината меѓу Големата лага на советската пропаганда и вистината е лага, па затоа не би требало да се бара средина меѓу дезинформација и информација.[2] Според него, луѓето од западната плуралистичка цивилизација се посклони на оваа грешка, бидејќи тие ги решаваат проблемите со правење компромиси и со прифаќање на алтернативните толкувања, за разлика од Русите кои ја бараат апсолутната вистина.
Дадена единка која ја покажува оваа грешка на лажен компромис имплицира дека позициите кои се разгледуваат се екстреми на еден континуум од мислења и ваквите екстреми се секогаш грешни, а средината е секогаш точна.[1] Ова не е секогаш така. Понекогаш само X или Y е прифатливо, без притоа да е можна средина. Дополнително, грешката на средина дозволува било која позиција да може да се укаже како невалидна, дури и оние позиции до кои претходно се дошло со помош на овој метод; сè што треба да се направи е да се претстави уште една, радикално спротивна позиција, при што средината (компромисот) ќе биде присилен кон таа позиција. Во политиката, ова е дел од основата на теоријата на Овертонскиот прозорец.
Важно е да се забележи дека ова не значи дека позицијата на средината е лоша стратегија, или, пак, неточна; ова укажува само на тоа дека средината (ублажената позиција) не може да се користи како доказ за вистинитост.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Fallacy: Middle Ground Архивирано на 21 јули 2019 г., The Nizkor Project (accessed 29 November 2012)
- ↑ Vladimir Bukovsky, The wind returns. Letters by Russian traveler (Russian edition, Буковский В. К. И возвращается ветер. Письма русского путешественника.) Moscow, 1990, ISBN 5-235-01826, page 345.