Аргил Вељаноски
Аргил Лазаров Вељаноски (18 февруари 1926 во Сирула, Охридско — декември 1945 ) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиАргил Лазаров Вељаноски е роден во селото Сирула. Се занимавал со земјоделие. Кон НОБ стапил на 15 септември 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада, учествувал на Сремскиот фронт каде е ранет. Од последиците на војната умира кон крајот на декември 1945 година.[1]