Апотр
Апотр или Апостолски Остров(и) (француски: Îlots des Apôtres или Îles des Apôtres) е остров кој е опколен не повеќе мали карпи во Индискиот Океан, дел од групата на Крозеови Острови. Административно, островот е дел од Француските Јужни и Антарктички Земји. Островот се наоѓа на 10 километри северно од Кошон. Вкупната површина на островот е 2 км2.
Наречен и: Апостолски Остров | |
---|---|
Сателитска снимка на островот и околните островчиња. | |
Географија | |
Координати | 45°58′S 50°27′E / 45.967° ЈГШ; 50.450° ИГД |
Површина | 2,011 км2 |
Највисоко место | 289 м |
Највисока точка | Мон Пјер |
Држава | |
Демографија | |
Население | 0 |
Географија
уредиАпотр е сèопфатен поим за два поголеми острови во оваа локација „Ил Гранд“ и „Ил Петит“ (Мал и Голем Остров). Овие два заземаат 90% од вкупната површина на Апотр. Другите 10% се мали карпи или сосем мали островчиња. Највисока точка на островите е Мон Пјер со 289 метри надморска висина. Врвот се наоѓа на Ил Гранд. Околу овие два главни остгрови има околу 20 карпи, со надморска висина од 15 до 122 метри. Островите се стрмни.[1]
Островчиња
уреди# | остров или карпа (превод) | површина (ха) |
---|---|---|
1 | Роше Норд (Северна Карпа) | 6,0 |
2 | Енклим (Наковална) | 1,5 |
3 | Гран Ил (Гоелм Остров) | 150,0 |
4 | Клаун (Кловн) | 0,4 |
5 | Сентинел педи (Изгубен чувар) | 0,2 |
6 | Жимо (Близнаци) | 0,5 |
7 | Роше Фенди (Поделена карпа) | 3,0 |
8 | Петит Ил (Мал остров) | 30,0 |
9 | Сентинел ди Дјабл (Ѓаволов чувар) | 1,0 |
10 | Гран Ехи (Голема Игла) | 1,0 |
11 | Петит Егил (Мала Игла) | 0,2 |
12 | Ангар (Хангар) | 1,5 |
13 | Донжон (Чување) | 2,5 |
14 | (неименувана карпа) | < 0,1 |
15 | Роше Суд (Јужна Карпа) | 1,5 |
16 | Торпилје (Уништувач) | 0,1 |
17 | Келу (Камен) | 0,4 |
18 | Обелиск (Обелиск) | 0,3 |
19 | Роше Персе (Досадна Карпа) | 1,0 |
Апотр (Апостролски Острови) | 201,1 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ BirdLife International. (2012). Important Bird Areas factsheet: Îles des Apôtres. Downloaded from http://www.birdlife.org on 2012-01-09.