Апостол Закхеј (на хебрејски во превод, Закхеј значи „чист“) бил христијански апостол, кој бил споменет во Евангелието по Лука.

Апостол Закхеј
епископ
Починал(а) 108, Кесарија
Почитуван(а) во Православие, Римокатоличка црква, Англиканство, Лутеранство
Слава

Во почетокот Закхеј работел како цариник, и бидејќи собирал данок од страна на евреите за потребите на Римското Царство, тој бил сметан за грешник[1][2] . И покрај тоа, тој сакал да го види Исус Христос кога пристигнал во Ерихон, но поради тоа што бил низок по раст, не можел да го види како проповеда, се качил на едно дрво од смоква. Но според евангелието, Исус дошол и му кажал да се симне од дрвото, бидејќи сакал да го посети неговиот дом.

Овој настан предизвикал уште поголема омраза кон Закхеј, но и кон Исус. Според преданието, Исус го посетил неговиот дом и му донел спасение, а Закхеј се покаил. Поради ова, тој станал следбеник на апостол Петар, кој го поставил за епископ во новоформираната христијанска организација во Кесарија.

Наводи

уреди
  1. Morris, Leon. Luke: An Introduction and Commentary, page 297. Wm. B. Eerdmans, 1988.
  2. Stier, Rudolf Ewald. The Words of the Lord Jesus. Trans. William Burt Pope. Page 314. Sheldon & co., 1859.