Аполинарија била ќерка на Антимиј, намесникот на малолетниот цар Теодосиј II. Таа му била постарата ќерка, додека помладата била безумна. Аполинарија не сакала да се мажи, туку и се оддалечила во пустина. Во машка облека и под машко име доротеј, таа се населила во машки манастир, каде што се подвизувала вознесувајќи го својот дух непрестајно кон Бога и зборувајќи со љубов кон својот Творец. Некој го посоветувал царскиот намесник Антимиј да ја испрати својата безумна ќерка кај пустиниците да ѝ прочитаат молитва.

Аполинарија
Починал(а) 450
Почитуван(а) во православие
Слава 5 јануари

Така, според преданието, се случило својата безумна сестра да ја исцели постарата сестра со силната молитва. Кога Аполинарија умрела, се открила тајната дека таа не e машко туку женско. Мажествената храброст на оваа света девица останала како пример и поттик низ вековите на многумина, кои мислеле за своето спасение. Починала во 470 година[1].

Наводи

уреди
  1. „Охридски пролог“ стр. 6