Ан дер Марке

општинска заедница во Германија

Ан дер Марке (германски: An der Marke) — поранешна општинска заедница во округот Земерда, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Седиштето на општинската заедница било во Шлосфипах. На 31 декември 2019 година била споена во новата општинска заедница Граме-Фипах, заедно со општинската заедница Граме-Ауе.

Поглед кон административен објект во Шлосфипах

Општинската заедница Ан дер Марке се состоела од следниве општини:

  1. Екштет
  2. Маркфипах
  3. Шлосфипах
  4. Шпретау
  5. Фогелсберг

51°06′00″N 11°07′05″E / 51.100° СГШ; 11.118° ИГД / 51.100; 11.118