Ентони Хопкинс

(Пренасочено од Антони Хопкинс)

Сер Филип Ентони Хопкинс (англиски: Sir Philip Anthony Hopkins) (роден 31 декември 1937) е познат велски филмски, телевизиски и сценски глумец. Хопкинс се сметан за еден од најголемите и најпознатите глумци во историјата на филмот. Хопкинс е најпознат по улогата на серискиот убиец Ханибал Лектор во култниот филм Кога јагнињата ќе стивнат и неговото продолжение Ханибал.

Ентони Хопкинс

Животопис

уреди

Хопкинс е роден во Маргам, Порт Талбот, Велс, син на Мјуриел Ен и Ричард Артур Хопкинс, пекар. Неговата мајка е далечна роднина на ирскиот поет Вилијан Батлер Јејтс. Неговите училишни денови поминувале лошо. Како самотник со дислексиа, тој сфаќа дека подобро би се обидел во некоја уметност, како цртање или свирење на пијано, отколку да продолжи со учење (студирање). Во 1949, за да навлезе во некоја дисциплина (струка), неговите родители инсистирале тој да се обиде во Jones’ West Monmouth училиштето за момчиња во Понтипул, Велс. Тој останува таму за пет степени и потоа се образуваше на Cowbridge Grammar School, во Бриџет, Велс. Хопкинс беше охрабрен да стане глумец од неговиот соработник Richard Burton, којшто го запозна кратко на 15 годишна возраст. Под негово влијание, тој се запиша на Велшкиот колеџ за музика и глума во Кардиф, Велс, каде што дипломира во 1957. После две години поминати во служење на Армијата, тој се пресели во лондон каде што се дообучи во RADA ( Royal Academy of Dramatic Art ). Кариера

Во 1965, после неколку години поминати во театар, тој беше забележан од Сер. Laurence Olivier, и го заменуваше кога Оливер заболи од воспаление на слепо црево, за време на снимањето на „ Танцот на Смртта “ од August Strindberg. Оливер подоцна забележал во својот мемоар ( дневник ) „ Признанија на еден глумец “ дека „ Нов млад глумец во компанијата кој е извонредно ветувачки талент чие име е Antony Hopkins ме заменуваше и се оддалечи од мене со делот од Едгар како мачка со глушец меѓу неговите заби “.

И покрај неговите успеси во Кралскиот Национален театар, Хопкинс му здодеа да ги глуми секојдневните истите улоги и одлучи да глуми во филмови. Во 1968, тој се проби со улогата на Richard I во „ The Lion in Winter “ ( „ Кралот во зима “ ), покрај идниот James Bond ѕвездата Тимоти Далтон, кој го играше Филип II во Франција. Иако Хопкинс продолжи во театарот ( најзабележително во Бродвеј продукција во „ Eguus “ на Peter Shaffer, режисирано од John Dexter ) тој значително се оттргна од него за да продолжи и да се докаже како телевизиски и филмски глумец. Тој направи својата мала екранска дебата во 1967 емитувана на BBC во „ Болва во нејзиниот бар “. Од тогаш тој ја почна својата долга кариера, добивајќи многу признанија и награди за неговите квалитети. Хопкинс стана „ Командир на Британскта империја “ ( CBE ) во 1987, и „ Витез “ ( Knight Bachelor ) во 1993. Во 1996, Хопкинс доби стипендија од Универзитетот во Велс, Lampeter. Хопкинс изјави дека неговата улога како Burt Munro, во филмот „ Најбрзиот индијанец на светот “ во 2005година му била омилена улога. Тој изјави и дека „ Munro “ најлесната улога која што некогаш ја одиграл бидејќи двајцата мажи имаат сличен поглед на животот. Во 2006 година, Хопкинс доби Златен глобус Cecil B. De Mille Award за животно постигнување.

Стил на глумење

уреди

Изабела Роселини и Антони Хопкинс Локација: Аеродромот „ Tempelhot “ во Берлин на снимање на неколку сцени од филмот „ Innocent “

Хопкинс е познат по неговата тврда, непопустлива подготвеност за улоги. Тој призна во интервју дека ако еднаш се посвети на проект, тој ќе преснимува толку пати колку што е потребно (понекогаш над 200) сè додека снимките не му звучат природно, па да може „ да го направи тоа без размислување “. Ова води до скоро вообичаен стил на испорака којшто противречи на основата направена претходно. И покрај тоа што ова дозволува внимателна импровизација, му донесе и конфликт со повремениот режисер којшто се оддалечува од сценариото или бара глумецот да не претерува со прекумерен број на обиди. Хопкинс исто така изјави дека едноставно ги отфрла снимките, не паметејќи ги подоцна. Ова е спротивно од другите глумци кои обично ги паметат снимањата од филмовите дури и години подоцна.

Richard Attenborough, којшто го режираше Хопкинс во пет прилики, сфати дека прави голем ризик за снимањето на „ Земјата на сенките “ ( 1993 ), да ги прилагоди различните карактери на своите две ѕвезди ( Хопкинс и Дебра Вингер ), коишто поделија многу сцени. Додека Хопкинс сакаше да ги задржи проблемите на минимум, претпочитајки ја спонтаноста на дирекното снимање, Вингер пробуваше постојано. За да го усогласи ова, Attenborough го вклучуваше Хопкинс на последната проба на Winger пред снимањето. Режисерот го фалеше Хопкинс за „ Оваа извонредна способност да направи да поверуваш дека кога го слушаш него дека е првпат кога ја рекол ( снимал ) таа снимка. Тоа е неверојатна дарба. “. Покрај тоа, Хопкинс е талентиран, имитатор кој успешно го менува неговиот роден Велшки акцент во акцентот на којшто зборува ликот што го глуми. Тој го имитираше гласот на неговиот ментор, Laurence Olivier, за дополнителните сцени во „ Спартак “ во неговата обнова во 1991. Неговото интервју во ТВ емисијата „ Parkinson “ во 1998 беше збогатено со негово имитирање на комедијантот Tommy Cooper.

Hannibal Lecter

Хопкинс во „ Кога јагнињата ќе стивнат “ Најславната улога на Хопкинс е канибалскиот сериски убиец Ханибал Лектор во „ Кога јагнињата ќе стивнат“. ( за која што ја доби Академската награда за најдобар глумец во 1992 ) Foster како „ Clarice Starling “ која што исто така доби награда за најдобар глумец. Покрај оваа, филмот победи за најдобра слика, најдобар режисер најдобро прилагодена екранска глума. Тоа е најкраткиот пат да се добие оскар, бидејќи Хопкинс се појавува само околу 17 минути. Хопкин ја одигра улогата на Lecter уште двапати ( „ Hannibal “ во 2001 и „ Црвениот змеј “ во 2002 ).

Неговата оригинална изведба на овој лик во „ Кога јагнињата ќе стивнат “ беше опишана од Американскиот филмски институт како број еден филмски злобник. Во времето кога му беше понудена оваа улога, Ханибал се враќаше на Лондонската сцена, глумејќи во M. Butterlly. Тој се имаше вратено да живее во Британија после неколку години живеење во Холивуд, имајќи се но се откажа од својата кариера таму, велејќи „ Тој дел од мојот живот е завршен, тоа е завршена тема. Претпоставувам дека ќе се сместам овде и ќе работам почитуваната работа во BBC до остатокот на мојот живот. “.

Ликот првпат се појави во филмот „ Човек трагач ( Ловец ) “, којшто беше заснован врз филмот „ Црвениот змеј “. Lecter ( во филмот се нарекува Лектор ) го играше британскиот глумец Brian Cox. Од кога „ Црвениот змеј “ се сметаше за римејкер на „ Човекот ловец “, на Хопкинс му се пружи шансата да го игра овој исконски злобник во трите најпродававни дела на Thomas Harris. Авторот беше многу задоволен од глумењето на Хопкинс на неговиот лик. Како и да е, Хопкинс изјави дека во „ Црвениот змеј “ за последен пат ќе го глуми овој лик, и дека нема да има ниту раскажувачка улога во последното издание на филмот, „ Воскреснувањето на Ханибал “. Личен живот

Денес, Хопкинс живее во САД. Тој се преселил еднаш овде во 70-тите за да ја продолжи својат филмска кариера, но се врати во Британија во доцните 80-ти. Сепак, тој реши да се врати во Обидинетите Нации во 90-тите поради неговиот голем успех којшто го следеше во тие години. Тој стана Американски граѓанин на 12 април 2000 година и тоа го прослави со 3.000 милји низ земјата. Како човек со двојно државјанство, и покрај тоа што имаше заборавено на своја титула „ Витез “, подоцна одлучи да ја искористи титулата „ Сер “ во Обединетото Кралство. Хопкинс имаше изјавено дека ја прифатил оваа титула само за да ја направи среќна својата жена. Хопкинс е венчан 3 пати. Неговите први две жени беа Petronella Bark ( 1967 – 1979 ) и Jennifer Lyton ( 1973 – 2002 ). Сега е во брак со колумбијанката Stella Arrayave. Тој има ќерка од првиот брак Abigail Hopkins ( родена 1967 ), глумица и пејачка.

Тој учествуваше и поддржуваше многу хуманитарни акции и апели, бил претседател на „ National Trust’s Snowdonia “ – апелот, собирајќи и донирајќи пари за изградба на националниот парк на Snowdonia. За овие активности на Хопкинс беше објавена книгата „ Anthony Hopkins’ Snowdonia “. Тој исто така е и учител волонтер во школото за глума во Санта Моника, Калифорниа.

Хопкинс е поранешен алкохоличар, трезен од 1975. Хопкинс е познат е познат како шегобиец за време на местењето на сцената, кревајќи го расположението за време на снимањата лаејќи како куче. Други активности

Хопкинс е талентиран пијанист. Во 1986, го оствари солото „ Далечна Ѕвезда “. Беше на 75-то место на британските листи. Во 2007 обајави дека привремено ќе се повлече од филмското платно бидејќи планира да оди на турнеја низ светот.

Во 1996, Хопкинс го режисираше својот прв филм „ Август “, прилагодување на делото „ Чичко Вања “ од Чехов. Тој го режисираше „ Slipstream “ експериментална драма, чија премиера беше прикажана на „ Sun dence “ филмскиот фестивал во 2007. Хопкинс е обожавател на серијата на BBC „ Само будали и коњи “, и еднаш изјави дека би сакал да глуми во таа серија. Писателот John Sullivan го видел интервјуто имајќи го Хопкинс на ум го создал ликот на Danny Driskole, местен злобник. Меѓутоа, снимањето на новите серии се поклопи со снимањето на „ Кога јагнињата ќе стивнат “, па Хопкинс не можеше да ја одигра улогата. Оваа улога ја доби неговиот пријател Roy Marsden. Хопкинс има играно многу историски и измислени ликови: • John Quincy Adams (Amistad, 1997) • William Bligh (The Bounty, 1984) • Charles Dickens (The Great Inimitable Mr Dickens, 1970) • John Frost (A Bridge Too Far, 1977) • Bruno Hauptmann (The Lindbergh Kidnapping Case, 1976), • Abraham Van Helsing (Bram Stoker's Dracula, 1992) • Adolf Hitler (The Bunker, 1981), • C.S. Lewis (Shadowlands, 1993), • David Lloyd George (Young Winston, 1972) • Pierre Bezukhov (War and Peace, 1972.) • Frederick Treves (The Elephant Man, 1980) • Richard Nixon (Nixon, 1995) • St. Paul (Peter and Paul, 1981) • Othello (Othello, 1981) • Pablo Picasso (Surviving Picasso, 1996) • Quasimodo (The Hunchback of Notre Dame, 1982) • Yitzak Rabin (Victory at Entebbe, 1976) • Richard Lionheart (The Lion in Winter, 1968) • Marcus Crassus (Jeff Wayne's Musical Version of Spartacus, 1992) • Titus Andronicus (Titus, 1999) • Zorro/Diego De La Vega (The Mask of Zorro, 1998) • Burt Munro (The World's Fastest Indian, 2005)

Награди

уреди

Покрај наградите за „ Кога јагнињата ќе стивнат “ Хопкинс беше номиниран за оскар за филмовите „ Сеќавањето на денот “ ( 1993 ), „ Nixon “ ( 1995 ) и „ Амистат “ ( 1997 ). Хопкинс ја доби „ BAFTA “ наградата за најдобар глумец за глумењето на ликот „ Piere Bezukhov “ во продукцијата на BBC „ Воја и мир “ како и за „ Кога јагнињата ќе стивнат “ и „ Зејма на сенките “. Тој беше номиниран во истата категорија за филмовите „ Магија “ и „ Сеќавањата на денот “, како и за најдобар поддржувачки глумец во „ Кралот во зима “.

Тој доби Emmi награда за улогите во „ Киднапирањето на Lindberg “ и во „ Бункер “ и беше номиниран за „ Камбанарот на Нотрдам “ и „ Големи очекувања “. Тој ја доби наградата за режисирање и глумење за „ Slipstream “ на швајцарскиот филмски фестивал. Филмографија год Филм Улога Запис 1967 A Flea in Her Ear Etienne Plucheux TV 1968 The Lion in Winter Richard 1969 The Looking Glass War John Avery Hamlet Claudius Department S Greg Halliday TV 1970 The Great Inimitable Mr. Dickens Charles Dickens The Three Sisters Hearts and Flowers Bob TV – Play for Today 1972 Young Winston David Lloyd George War and Peace Pierre Bezuhov A Doll's House Torvald Helmer 1974 The Girl from Petrovka Kostya QB VII Dr. Adam Kelno Juggernaut Supt. John McCleod The Childhood Friend Alexander Tashkov TV – Play for Today 1976 Dark Victory Dr. Michael Grant TV TheLindbergh Kidnapping Case Bruno Richard Hauptmann Emmy Award for Lead Actor - Miniseries or Movie Victory at Entebbe Prime Minister Yitzhak Rabin 1977 A Bridge Too Far Lt. Col. John D. Frost Audrey Rose Elliot Hoover

1978 	Magic 	Charles "Corky" Withers/Voice of Fats 	

International Velvet Captain Johnson 1979 Mayflower: The Pilgrims' Adventure Capt. Jones 1980 The Elephant Man Dr. Frederick Treves A Change of Seasons Adam Evans 1981 The Bunker Adolf Hitler Emmy Award for Lead Actor - Miniseries or Movie Peter and Paul Paul of Tarsus Othello Othello TV 1982 The Hunchback of Notre Dame Quasimodo TV 1983 A Married Man John Strickland TV 1984 The Bounty Lieutenant William Bligh год Филм Улога Запис 1985 Hollywood Wives Neil Gray TV Arch of Triumph Dr. Ravic TV Guilty Conscience Arthur Jamison TV Mussolini and I Count Galeazzo Giano TV The Good Father Bill Hooper 1987 84 Charing Cross Road Frank P. Doel 1988 The Dawning Robert Knights 1989 Great Expectations Abel Magwitch 1990 Desperate Hours Tim Comell 1991 The Silence of the Lambs Dr. Hannibal Lecter Academy Award for Best Actor Howards End Henry J. Wilcox One Man's War Joel 1992 Freejack Ian McCandless Chaplin George Hayden Spotswood Errol Wallace Bram Stoker's Dracula Professor Abraham Van Helsing 1993 The Trial The Priest The Remains of the Day James Stevens The Innocent Bob Glass Shadowlands Jack Lewis BAFTA Award for Best Actor in a Leading Role

1994	 Legends of the Fall 	Col. William Ludlow 	

1995 The Road to Wellville Dr. John Harvey Kellogg Nixon Richard M. Nixon

1996	 August	Ieuan Davies 	also directed, composed score

Surviving Picasso Pablo Picasso 1997 Amistad John Quincy Adams The Edge Charles Morse 1998 The Mask of Zorro Don Diego de la Vega / Zorro Meet Joe Black William Parrish 1999 Instinct Ethan Powell Titus Titus Andronicus

2000 	Mission: Impossible II 	Mission Commander Swanbeck	 uncredited

The Grinch The Narrator 2001 The Devil and Daniel Webster Daniel Webster Hannibal Dr. Hannibal Lecter Hearts in Atlantis Ted Brautigan 2002 Red Dragon Dr. Hannibal Lecter Bad Company Officer Oakes

2003 	The Human Stain 	Coleman Silk 	

2004 Alexander Old Ptolemy 2005 Proof Robert The World's Fastest Indian Burt Munro

2006	 All the King's Men 	Judge Irwin 	

Bobby John

2007 	Fracture	Theodore ‘Ted’ Crawford’	

Beowulf Hrothgar The City of Your Final Destination Adam Slipstream Felix Bonhoeffer 2008 The Last Station Leo Tolstoy pre-production — begins filming in 2007 Harry and the Butler Alfred Hitchcock and the Making of Psycho Alfred Hitchcock − 2009 The Wolfman Sir John Talbot pre-production — begins filming in January 2008