Антипа Пергамски
Антипа Пергамски — христијански светец од I век.
Антипа Пергамски | |
---|---|
маченик и епископ | |
Роден(а) | непознато, |
Починал(а) | 92, Пергам |
Почитуван(а) во | православие католицизам |
Слава | 11 април [1] |
Заштитништво | забоболка[2] |
Се споменува во Книгата на откровението како „мојот верен сведок Антипа (2,13), кој бил убиен меѓу вас, во чија што средина живее сатаната, т.e. во градот Пергам”. Според Библијата, жителите на овој град живееле во темнината на идолопоклонството и во крајна нечистота; биле робови на страсти. И тука меѓу нив живеел Антипа “како светлина во темнина, како ружа меѓу трње, како злато во кал”. добар и праведен се сметал оној кој ќе фател некој христијанин и ќе го убиел.
Според христијаните, уплашени од Антипа како од оган, демоните им се јавиле на вражачите во сон и исповедале како тие се плашат од Антипа, и како мораат поради него да бегаат од тој град. Вражачите кренале толпа народ против Антипа и почнале да го тормозат, и да го присилуваат да се одрече од новата вера и да им се поклони на идолите. Св. Антипа им рекол: „Кога вашите т.н. богови, господари на вселената, се плашат од мене смртен човек и мораат да бегаат од овој град, зарем не познавате по тоа дека целата ваша вера e заблуда?” Но тие се разлутиле и го довлекле Антипа пред храмот на Артемида, пред кој стоeл излиен вол од бронза. Го вжариле волот со оган и го фрлиле внатре слугата Божји. Светиот Антипа, внатре во огнениот вол, Го славел Бога со благодарност како некогаш Јона во китот или трите младенци во огнената печка. И се молел Св. Антипа за своето паство и за сиот свет сè додека душата не му се разделила од трошното тело и не излетала меѓу ангелите во Царството Христово. Завршил во маки и се венчал со невенлива слава во 92 година[3].
Православната црква нејзиниот ден го чествува на 11 април.
Наводи
уреди- ↑ „St Antipas of Pergamon“. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2007-12-21.
- ↑ James, M. R. (1898). „Antipas“. Во James Hastings (уред.). A Dictionary of the Bible. I. стр. page 107.
According to one form of his Acts (quoted by the Bollandists from a Synoxarion), he prayed that those suffering from toothache might be relieved at his tomb.
CS1-одржување: излишен текст (link) - ↑ „Охридски пролог“ стр. 150