Антифашизам

(Пренасочено од Антинацист)

Антифашизам — движење, настанато во дваесеттите години на XX век, кој ги вклучува сите поединци/ки и организации во светот кој пред, за време на и после Втората светска војна се бореле (и уште се борат) против фашистичките, нацистичките и расистичките идеи. Изразот ги означувал противниците на италијанскиот фашизам, односно режим кој во Италија го воспоставил Бенито Мусолини. Подоцна почнал да се користи за режими и движења кои во него пронаоѓале одредено вдахновение, а од кои најпознат е германскиот националсоцијализам.[1]

Пречкртан кукаст крст, еден од најпопуларните антифашистички симболи.

Антифашизмот не настанал после поразот на Нацистичка Германија и нејзините сојузници. Со појавата на неофашизмот, неонацизмот и постфашистичките/постнацистичките идеологии, антифашизмот како движење и понатака подразбира подигнување на политичка свест и борба против нео/пост-фашизмот/нацизмот со сите средства. Антифашизмот после Втората светска војна станал дел од системот на вредности и култури на цивилизираниот свет, и бројни јавни личности, најчесто музичари промовираат антифашистички вредности преку популарната култура.[2]

Со поимот антифашизам неодамна се користи и изразот антифа, иако тој воглавно е поврзан со организациите на современите радикални левици.

Наводи

уреди
  1. Иво Андрић, Рађање фашизма, Београд, 1995;
  2. Гал Кирн, Роберт Бурхардт, „Југословенски партизански споменици. Између револуционарне политике и апстрактног модернизма“, Југолинк, 2/2012. стр. 7–20.