Аникините времиња
„Аникините времиња“ (српски: Anikina vremena) — расказ на писателот Иво Андриќ.
Содржина
уредиОсврт кон делото
уредиВо расказот „Аникиното време“ е прикажана една жена од поинаков ков, пркосна и свесна за својата сила, но и во портретирањето на овој лик Андриќ пристапил спиритуално психоаналитички, како уметник и мислител кого го интересираат неистражените страни на човековата природа и тајните на човековото срце. Притоа, тој не се задржува на еротичноста на Аника, туку, како лиричар, го привлекуваат сенките во душата, не настанот туку поттекстот од кој произлегува настанот. Во односот на Аника со Михајло се забележува голема драма, но таа не се експонира, туку останува уште потрагично да тлее во длабочината на душата. Исто како и во „Мара Милосница“, Андриќ го искористува преданието за жената која им робува на своите страсти со цел да се соживее со нејзиниот личен живот и така, со помош на својата визија, го претвора преданието во сензибилно ткиво на неразбраниот внатрешен живот.[1]
Наводи
уреди- ↑ Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 167.