Андреја Гропа

албански/влашки благородник

Андреја Гропа бил благородник, господар на Охрид (во втората половина на XIV век), од албанско или од влашко потекло. Неговото воздигнување започнало уште во времето на кралот Волкашин, а особено дошло до израз по Маричката битка во 1371. Се спомнува во ктиторскиот натпис во црквата „Мал Св. Климент“ како господар на Охрид со титулата велик жупан. По Маричката битка ја признал врховната власт на наследникот на Волкашин, кралот Марко. Бил женет со Кирана, ќерката на Андреја Музаки. Судирот на кралот Марко со Андреја Музаки околу Костур го искористил за да ја отфрли неговата врховна власт и целосно да се осамостои. Застанал на страната на својот дедо и му помогнал при освојувањето на градот. Ковал свои монети во охридската ковница, што ја докажува неговата голема економска и политичка моќ. Не е познато до кога владеел во Охрид.

Андреја Гропа
Господар на Охрид[1]
Благородно семејствоГропа
СопругаАна (Кирана) Музака[2]

Наводи

уреди
  1. Altimari;Stanič 1984, p. 31: "Andrea Gropa, gospodar Ohrida"
  2. Soulis, p. 142