Ангелска торта
Ангелска торта е тип на повеќеслојна торта што потекнува од Обединетото Кралство,[1] и првпат станала популарна кон крајот на 19 век.
Направена е од путер, шеќер, јајца, екстракт од ванила, саморастечко брашно, прашок за печиво и црвена и жолта боја за храна. Се состои од два или три слоја кои често се обоени во бела, розова и жолта боја. Традиционално се прелива со тенок слој од бела глазура. За сервирање, обично се сечат долги ленти или мали правоаголни парчиња.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Goldstein, D.; Mintz, S. (2015). The Oxford Companion to Sugar and Sweets. Oxford University Press. стр. 739. ISBN 978-0-19-931362-4. Посетено на May 26, 2017.