Ангелот на Света Софија
Ангелот на Света Софија — е антологиска песна на Блаже Конески, првично објавена во списанието Современост (број 6) во 1953 година.[1]
Автор | Блаже Конески |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | песна |
Издавач | Современост |
Страници | 27-28 |
Ангелот на Света Софија
уредиТи којшто толку време мина
под малтерот на ѕидот мрачен,
пак слободен си в простор зрачен
– о сине тих на мисла сина –
со живот пак ти гори видот
и зори како небо ѕидот.
Но таа лика што се крие
под малтерот на мојте гради
и – утеха на дните млади –
по убост како сестра ти е,
не, нема мајстор да ја спаси,
со мојот живот ќе се згаси.
Критички осврт
уредиИнспирација за оваа песна била фреската во црквата Света Софија во Охрид. Во неа поетот ѝ се обраќа на фреската која е симбол на минатото, на вечното, на нашата историја.
Но, вториот дел на песната е рефлексивен и во него поетот пее за својата младост и за минливоста на животот. Песната е строфична.
Двата дела на песната, Конески мајсторски ги спојува во целина, споредувајќи го ликот на ангелот со својата душа (под малтерот на ѕидот мрачен – под малтерот на мојте гради), но сепак спротивставувајќи ги како вечност (ангелот) и минливост (својот живот).[2].
Наводи
уреди- ↑ Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Успиване на болно дете, Ангелот на Света Софија, Гугучка :: COBISS+“. plus.mk.cobiss.net. Архивирано од изворникот на 2021-12-15. Посетено на 2021-12-15.
- ↑ Блаже Конески[мртва врска]