Ангелот и лошиот човек (филм )
„Ангелот и лошиот човек“ (англиски: Angel and the Badman) — американски филм од 1947 година во режија на Џејмс Едвард Грант (James Edward Grant), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Џон Вејн (John Wayne), Гејл Расел (Gail Russell) и Хари Кери (Harry Carey).[1]
Синопсис
уредиКвирт Еванс (го игра Вејн) е лош човек. Него го лечи и негува квекерката Пенелопи Ворт (ја игра Расел), која се вљубува во него и настојува да го задржи за себе. Така, тој запаѓа во дилемата: дали да продолжи да живее во својот свет или во светот на Пенелопи...