Анастас Петличков
Анастас Петличков бил општественик и револуционер, деец на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација.
Анастас Петличков е роден во село Буф, Леринско. Бил член на ВМОРО, и учествувал во Илинденското востание. По востанието емигрирал во САД. Во 1914 година во Чикаго, Петличков ја издал книгата „Маките и тагите на Македонецот под турските ѕверства“.