Алтостратус или високослоевит облак — вид на облак со средна височина кој припаѓа на стратиобличната физичка категорија, карактеризирана со општо еднооблична сива до синкаво-зелена покривка или слој.[2] Посветол е во боја од нимбостратусот и потемен од високиот циростратус. Сонцето може да се види преку тенок алтостратус, но подебелите слоеви можат да бидат доста непроѕирни.

Алтостратус
Проѕирен алтостратус над Хонгконг во мај 2012 година.
Проѕирен алтостратус над Хонгконг во мај 2012 година.
КратенкаAs
Симбол
РодАлто- (Средно)
-стратус (слоен)
Видникаков
Сорта
  • Дупликатус
  • Опакус
  • Радијатус
  • Транслудикус (проѕирен)
  • Ундулатус (брановит)
Височина2,000–7,000 м
Класификацијасемејство B (среден)
ИзгледПокривка или слој, може обично да се види Сонцето низ него
Врнежен?Невообичаен, можен дожд во густи облаци. Ако класификацијата се промени во Нимбостратус, дождот може да стане долготраен.[1]
Брановит (ундулатус) алтостратус

Алтостратусот е создаден со кревање на голема претежно стабилна воздушна маса што предизвикува невидлива водена пареа да се кондензира во облак. Може да произведе слаби врнежи, често во облик на вирга. Ако врнежите се зголемуваат во упорност и интензитет, алтостратусот може да се згусне во нимбостратус.[1]

Алтстратусот најчесто има облик на некарактеристична облачна покривка, но може да биде брановиден (undulatus) како резултат на минувањето на ветрот низ облакот. Може да биде и фрагментиран (фибратус) на јасно видливо небо, што често му претходи на пристапот на ослабен или на горно степенит топол фронт.

Опис

уреди

Алтостратусот може да биде составен од ледени кристали. Кај некои ледени кристални алтостратуси, случајно се појавуваат многу тенки, хоризонтални покривки со капки вода што брзо исчезнуваат.[3] Големините на ледените кристали во облакот имаат тенденција да се зголемуваат со надморската височина. Сепак, близу до дното на облакот, честичките повторно се намалуваат во големина. За време на земањето примероци од еден облак, научниците забележале ореол додека летале близу до врвот на облакот, што укажувало дека мразните кристали се шестаголни близу до врвот. Како и да е, понатаму надолу, ледените кристали станале повеќе споени.[4][4]

Појавување

уреди

Алтостратусот има намера да се создава пред топол или оклузивен фронт. Алтостратотусот постепено се згуснува во нимбостратус кој носи дожд. Сепак, може да се појави заедно со кумулус конгестус или кумулонимбус на ладен фронт.

Поврзано

уреди

Извори

уреди
Фусноти
  1. 1,0 1,1 „The cloud classification system - Altostratus“. Архивирано од изворникот на 26 април 2009. Посетено на 2 јули 2020.
  2. World Meteorological Organization, уред. (1975). Altostratus, International Cloud Atlas. I. стр. 35–37. ISBN 978-92-63-10407-6. Посетено на 2 јули 2020.
  3. Platt 1977
  4. 4,0 4,1 Field 1999
Библиографија

Надворешни врски

уреди