Алонсо Лопес Пинсијано

шпански историчар

Алонсо Лопес Пинсијано, (шпански: Alonso López Pinciano), бил шпански хуманист и ерудит од 16 век.

Алонсо Лопес Пинсијано
Роден 1547
Починал 1627

Малку се знае за неговиот живот. Се верува дека е роден околу 1547 година во Ваљадолид, но не е се знае кога и каде починал. Тој бил доктор по медицина и личен лекар на Марија од Австрија, сестра на Филип Втори, која по смртта на нејзиниот сопруг Максимилијан Втори, се вратила во Шпанија и го поминала остатокот од својот живот во манастирот на Босоногите кралски монахињи (шпански: Descalzas Reales) Исто така се грижел и за здравјето на инфантата Маргарита, која била замонашена во истиот манастир. Според тоа, веројатно е дека живеел во Мадрид, на улицата Уросас, каде штоисто така живееле и Хуан Руиз де Аларкон (шпански: Juan Ruiz de Alarcón) и Луис Велез де Гевара (шпански: Luis Vélez de Guevara), и се чини дека живеел таму до крајот на својот живот.

Дела

уреди

Најпознатото дело на Пинсијан е Филозофијата на античката поетика (шпански: Philosophía antigua poética) Се работи за педагошки трактат за поетиката, поделен на епистоли. Пинсијано ја следел поетиката на Аристотел, која ја изложил во неговите дела Поетика и Реторика, а потоа и Хорациј. Писмата содржат дијалози во кои се дискутира за среќата, поезијата, доктрината на трагедијата, комедијата итн. Претставува класицистички обид за да се запре незапирливиот успех на Лопе де Вега и неговата нова поетика на театарот, која кулминирала во новата комедија .

Исто така составил една епска песна „Пелајо“ и ги превел афоризмите на Хипократ.

Наводи

уреди