Алекс Точилеску
Алекс Точилеску (романски: Alex Tocilescu; 25 ноември 1977, Букурешт, Романија) - романски писател.
Животопис
уредиНекое време, Точилеску живеел во Германија и во САД, а во 2010 година се вратил во Романија.[1]
Творештво
уредиТочилеску дебитирал во 2005 година со збирката куси раскази „Јас и др.“, а потоа ги објавил збирките „Живо месо“ и „Стандард“. Исто така, тој објавува статии во дневниот весник „Слободна Романија“ (Romania libera), како и на својата интернет-адреса.[1]