Алдан е втора по големина река, која се влева во реката Лена во источен Сибир. Алдан е долга 2.273 км, а од тие, 1.600 км е пловна. Површината на сливот изнесува 729.000 км2 Извира на северните падини на Становојските Планини, а во Лена се влева како нејзина десна притока 160 км низводно од градот Јакутск. Заледена е од крајот на октомври до мај. Пловна е од устието до пристаништето Томот.

Алдан
Местоположба
Физички особености
УстиеЛена
Должина2.273 км
Особености на сливот

Главни реки кои се влеваат во Алдан се Амга и Маја. Во подрачјето на горниот тек на Алдан, има богати наогалишта на магнетит и злато.