Алберт (расказ)
Алберт е расказ од Лав Николаевич Толстој од 1858 година.[1]
Алберт е невработен талентиран музичар и нема пари ниту дом. Делесов, богат човек, е заинтересиран за музиката на Алберт и му нуди сместување. Алберт ја прифаќа понудата, но набрзо се јавуваат проблемите. Алберт почнува да се пијанчи, постојано барајќи алкохол, и често заминува од куќата без да се јави. Делесов почнува да се кае што го довел Алберт во својата куќа, и му забранува на Захар, неговиот слуга, да му дава повеќе вино и вотка на алкохоличарот Алберт. Намерата на Делесов да го извлече Алберт од мизерноиот живот, Алберт ја сфаќа како злонамерна и се чувствува како да е затворен во кафез. Откако ќе ги украде клучевите од слугата, и ќе испие цел бокал вотка, сака да си замине од куќата на сред ноќ. Делесов немоќен да го задржи го пушта да си замине. Ноќта е студена, но Алберт, загреан од пијалокот, не ја чувствува. Нозете му стануваат тешки, срцето му бие но тој се упатува кон станот на Ана Ивановна (негова љубов). Почнува да блада и тешко му е да направи разлика помеѓу силните визии и реалноста. Кога заѕвонал на ѕвончето кај Ана, излегла слугинката и му рекла дека и е наредено да не го пушта внатре. Алберт легнал на прагот од станот. Повторно му се јавуваат гласови, фантазии и сеќавања. Алберт е пронајден пијан и онесвестен од двајца гости кои ја напуштаат куќата. Алберт, сè уште заробен во своите визии, мисли дека ќе биде погребан кога ќе го однесат во станот од страв да не замрзне до смрт.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „great-authors.albertarose.org“. Архивирано од изворникот на 2014-06-26. Посетено на 2021-11-04.
- ↑ Tolstoj, Lew, sämtliche Erzählungen, insel taschenbuch, Frankfurt am Main, 1961; Zweiter Band von fünf Bänden, S. 118–150