Јохан Аксел Хојер (12 август 1890 – 22 април 1974 година) бил шведски лекар и јавен службеник.

Јохан Аксел Хојер

КариераУреди

Роден на 12 август 1890 година во Визби, Шведска, како син на професори Нилс Хојер и Еми Хојер. Хојер почнал да студира медицина на Институтот Каролинска во 1908 година, а во 1916 година станал доктор по медицина. Заминал во Париз во 1919 година, каде што се запознал со медицинската сестра Сигне Дал и подоцна се венчале во 1920 година. Покрај неговата работа и социјална посветеност, Хојер во раните 1920-ти истражувал за витаминот Ц, како и неговата улога во созревањето на клетките на сврзното ткиво. Својата теза ја поднел во Стокхолм во 1924 година за докторат на студии по скорбут, а потоа станал вонреден професор по хигиена на Физиолошкиот институт на Лундскиот универзитет.

Во 1930 година бил назначен за градски лекар на Малме, а потоа во 1935 година станал генерален директор на Националниот шведски одбор за здравство - функција која ја напуштил во 1952 година. За време кога бил дел од Медицинскиот одбор, тој направил неколку реформи во однос на превентивната заштита, вклучувајќи планирање на семејството, мајчинска помош и грижа за доенчиња, како и стоматолошки услуги.

Хојер бил назначен во експертската комисија на ОН за економски прашања и во нивните комисии за домување. Тој бил испратен како специјален службеник за подобрување на медицинското образование во Индија по барање на државата Траванкоре-Кочин (денешна држава Керала). Хојер бил назначен за директор на Медицинскиот факултет, Тируванантапурам во Керала, позиција на која служел до 1954 година.[1]

По пензионирањето Хојер работел на меѓународни прашања, вклучувајчи ги и ефектите од Виетнамската Војна.

Истрагата ХојерУреди

Хојер ја предводел студијата на Одборот за здравство во 1948 година за реорганизација на здравствената заштита, со што предложил фокусирање на превентивната грижа и зајакнување на провинциски медицински локации. Предлогот бил мотивиран особено од фактот што дел од лекарите од примарната здравствена заштита биле одбиени поради наглото зголемување на болничките лекари. Студијата го полемизирала ставот на Медицинскиот одбор и Лекарското здружение во однос на примарната здравствена заштита. Студијата на Хојер била првиот и сеопфатен обид да се анализираат проблемите во амбулантската нега. Предложила формирање на центри од различни видови. Поголемите центри би вклучиле и специјалисти и општи лекари и биле сместени во болници. Малолетните би имале два или повеќе општи лекари и би биле сместени во провинциски станици. Хојер наишол на значителен отпор од медицинските работници, бил изложен на жестока кампања за печатот од колегите кои барале негова оставка. Како резултат на жалбите, предлозите на комисијата не можеле да се реализираат.

КонтроверзиУреди

Хојер и комбинацијата на пацифизам, социјализам, антиклерикализам, антинацизам и воздржаност го довеле до политички прогони во Сидсвенска Дагбладет и Афтонбладет (шведски весници). Тој бил отпуштен од работата како професор во медицинскиот факултет во Јужна Шведска со образложение дека одржал предавање за сексуалното здравје. Како градски лекар во Малме, тој се обидел да се справи со загадувањето на воздухот од фабриката Сканиски Цемент во Лимхамн во Малме. Директорот на компанијата и се заканил на општината Малме дека ќе се префрли на друга локација доколку ги следат препораките на градскиот лекар.

Во врска со еврејските бегалци, тој наишол на жесток отпор од раководството на шведската медицинска установа. Кога еден офталмолог по име Даниелс, по германската окупација на Данциг морал да го напушти својот дом и да бара живот во Шведска, медицинските работници во земјата се труделе да се забрани тоа, наведувајќи различни причини. Медицинските установи започнале навредлива кампања со навестување на антисемитизам. Кога Медицинскиот одбор во 1939 година планирал да покани 12 еврејски специјализирани лекари во Шведска, здруженијата на лекари протестирале наведувајќи дека тоа ќе доведе до невработеност. Болхусмотет, протест организиран од студентското тело на Универзитетот во Упсала, исто така се изразил против прифаќањето на еврејските бегалци. Кралското семејство интервенирало, а Хојер бил повикан кај владетелот, престолонаследникот Густаф Адолф, со предлог Шведска да прифати само мал број еврејски лекари кои побегнале од прогонот на Хитлер. „Тој молбено ме замоли да се воздржам од предлози и дејствија кои би можеле да го загрозат единството на шведскиот народ. Одговорив со почит, но цврсто - дека очигледно не сакам да ги зголемувам проблемите на владата, но сфатив дека барањето првенствено има за цел да ги смири антисемитските кругови. Би било срамно ако Шведска ги разочара луѓето во опасност. Престолонаследникот го повтори своето предупредување. Објаснив дека ја имам на ум иднината и би го направил тоа доколку мојата совест го бара тоа. Се разделивме без дополнителна дискусија“. Хојер, исто така, побарал да се зголеми бројот на лекари во земјата, со увоз на австриски лекари во 1950 година, со што повторно се спротивстави Лекарската асоцијација.

НаводиУреди

  1. Journal of Scientific & Industrial Research (англиски). Council of Scientific & Industrial Research. 1952.