АкордиоМ
АкордиоМ - македонско хармоникашко трио кое го сочинуваат: Зорица Каракутовска, Бојан Волчевски и Филип Стамевски.
Пред формирањето на триото „АкордиоМ“, неговите членови биле дел од повеќе музички ансамбли кои понекогаш настапувале заедно. Инаку, Бојан Волчевски и Филип Стамевски се поранешни студенти на професорката Каракутовска. Репертоарот на „АкордиоМ“ го сочинуваат транскрипции, т.е. композиции оригинално напишани за други камерни оркестри (дела на Вивалди, Бах, Моцарт, итн.), како и дела напишани специјално за хармоника (Дербенко, Пјацола и Галијано), а посебно место во нивниот репертоар заземаат делата на македонската композиторка Бете Илин од кои некои се напишани специјално за овој состав. Покрај во Македонија, триото има настапувано во повеќе земји, како: Србија, Бугарија, Хрватска, Франција, Италија, Луксембург, Португалија, итн.[1]
Наводи
уреди- ↑ Trio AkordioM, Journey (CD).