Марбански јазик

(Пренасочено од Азумејнански јазик)

Марбанскиот, или познат и како азумејнански јазик, е масански јазик, од групата на чадски јазици од семејството на афроазиски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Марбанците (Азумејнанците) кои живеат во Чад. Јазикот го зборуваат нешто помалку од 150.000 луѓе според податоците од 2006 година.

Марбански јазик
Аумејнански јазик
Застапен воЧад
Говорници150  (2006)
Јазично семејство
афроазиско
Јазични кодови
ISO 639-3mpg

Опис

уреди

Марбанскиот јазик се зборува во департманот Тандиле Уест во регионот Танџиле во југозападен Чад. Исто така, јазикот се зборува во Леу-Мбаса во департманот Кабија во регионот Мајо-Кеби Ест, исто така во Чад. Во историјата јазикот се именувал и како азумејнански, но самиот народ го именува јазикот како марбански (марба).

Марбанскиот со код [mpg][1] е класифициран како масански јазик,[2] подгрупа на чадските јазици[3] од јазичното семејство на афроазиски јазици.[4][5][6][7]

Распространетост

уреди

Јазикот го зборуваат следниве групи: Марба (Марбанци), Колон (Колонци) и Лео (Леонци). Секоја од овие групи се поделени на неколку кланови.Името на кланот е често и името на главното село на кланот. Денес, голем број Марбанци живеат надвор од нивните традиционални живеалишта, па така на пример има значајна заедница на Марбанци во Нџамена.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Marba“. Ethnologue. Посетено на 2015-10-17.
  2. „Masa“. Ethnologue. Архивирано од изворникот на 2015-11-17. Посетено на 2015-10-17.
  3. „Chadic“. Ethnologue. Посетено на 2015-10-17.
  4. Newman, Paul (1977). „Chadic classification and reconstructions“. Afroasiatic Linguistics. 5: 1–42.
  5. Blench, Roger (14 November 2006). „The Afro-Asiatic Languages: Classification and Reference List“ (PDF). Посетено на 15 October 2015.
  6. „Tchad - Carte linguistique“. www.muturzikin.com. Посетено на 4 December 2014.
  7. „Glottolog 2.6 - Marba“. glottolog.org. Посетено на 15 October 2015.

Надворешни врски

уреди