Азија (римска провинција)
(Пренасочено од Азија (Покраина во Римската Империја))
Азија (латински: Asia), позната како и Азијана (латински: Asiana) била римска провинција сместена на подрачјето на Мала Азија. Од времето на Октавијан Август таа била сенатска покраина на чело со проконзул и тој режим останал сè до 211 година.
Престанала да постои како покраина со Диоклецијановите реформи во 3 век, кога нејзината територија била поделена на други помали покраини.