Аесе (бислама: Aese) е мал остров во покраината Санма во Вануату.

Аесе
Географија
МестоТихи Океан
Координати15°26′1.68″S 167°15′0″E / 15.4338000° ЈГШ; 167.25000° ИГД / -15.4338000; 167.25000
АрхипелагВануату
Површина8,1 км2
Највисоко место38 м
Држава
ПокраинаСанма
Демографија
Население0[1] (2015)

Географија

уреди

Островот се наоѓа во непосредна близина на источниот брег на Еспириту Санто.[2][3] Северно од Аесе се наоѓа малиот остров Мавеја. Вкупната површина на островот е 8,1 километар квадратен. Должината на островот е околу 6 километри, а ширината е околу 3 километри. Островот е рамен, со највисока точка 38 метри надморска висина. Денес островот е ненаселен, а порано имало жители.[4] Островот е во приватна сопственост.

Наводи

уреди
  1. „2015 Vanuatu National Population and Households Projections by Province and Islands“ (PDF). Vanuatu National Statistics Office. Посетено на 6 August 2018.
  2. „Aese Island“. Pacific Dive. Архивирано од изворникот на 2019-12-21. Посетено на 6 August 2018.
  3. „Aese Island“. Geoview. Посетено на 6 August 2018.
  4. Speiser, Felix. Ethnology of Vanuatu. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 34. ISBN 9781850655084. Посетено на 6 August 2018.

Надворешни врски

уреди