Покраини во Замбија
(Пренасочено од Административна поделба на Замбија)
Замбија е поделена на 10 покраини. Тие пак, се делат на вкупно 72 окрузи.
Покраина[1] | Админ. центар | Површина (км²) | Население | Густина (жит/км²) |
Окрузи |
---|---|---|---|---|---|
Централна[2] | Кабве | 94.394 | 1.267.803 | 13,4 | 6 |
Копербелт[3] | Ндола | 31.328 | 1.958.623 | 62,5 | 10 |
Источна | Чипата | 69.106 | 1.707.731 | 24,7 | 8 |
Луапула | Манса | 50.567 | 958.976 | 19,0 | 7 |
Лусака[2] | Лусака | 21.896 | 2.198.996 | 100,4 | 4 |
Мучинга[4] | Чинсали[5] | – | – | – | – |
Северна[6] | Касама | 147.826 | 1.759.600 | 11,9 | 7 |
Северозападна | Солвези | 125.826 | 706.462 | 5,6 | 12 |
Јужна | Ливингстон | 85.283 | 1.606.793 | 18,8 | 11 |
Западна[3] | Монгу | 126.386 | 881.524 | 7,0 | 7 |
Вкупно | – | 752.612 | 13.046.508 | 17,3 | 72 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Гвилим Ло. „Покраини во Замбија“. Посетено на 2 ноември 2007. (податоците за населението се од пописот во 2000 г).
- ↑ 2,0 2,1 Покраината Лусака е создадена во 1973 г. со отцепување од Централната покраина. Во прво време зафаќала само 360 км², но во 1988 ги добила сегашните димензии.
- ↑ 3,0 3,1 Покраината Копербелт сè до 1969 г. се нарекувала „Западна покраина“. Тогаш покраината Бароцеленд го презела името „Западна покраина“.
- ↑ Создадена во ноември 2011 г. од 5 окрузи преземени од Северната покраина.
- ↑ „Десеттата покраина на Замбија - Мучинга“ Министерство за локална управа и домување на Замбија Архивирано на 18 јануари 2014 г. (англиски)
- ↑ До 2011 г. ја опфаќала и територијата на денешната покраина Мучинга.