Адамстаун
(Пренасочено од Адамстаун, Питкерн)
Адамстаун (англ. Adamstown) е единственото населено место на островската земјичка Питкерн, и така воедно е и нејзиниот главен град. Местото лежи во средиштето на северниот крајбрежен дел на островот и брои население од 50 жители - севкупното население на Питкерн. Адамстаун го држи рекордот за најмал главен град на светот, но сепак има пристап кон сателитска телевизија (само бесплатни канали), сателитски интернет и сателитски телефон.
Адамстаун Adamstown | |
---|---|
Поглед на Адамстаун | |
Местоположбата на Адамстаун | |
Координати: 25°4′S 130°6′W / 25.067° ЈГШ; 130.100° ЗГД | |
Земја | Обединето Кралство |
Територија | Питкерн |
Остров | Питкерн |
Управа | |
• Градоначалник | Мајк Ворен (2007) |
Површина[а] | |
• Вкупна | 4,6 км2 |
• Земјишна | 4,6 км2 |
Надм. вис. | 5 м |
Население (2007) | |
• Вкупно | 48 |
Меѓутоа воглавно контакти се одржуваат преку радиостаница. Градот е местото каде највеќето жители јадат и спијат, додека работата главно им се состои од берење овошје и лов по храна во другите предели на островот.
Галерија
уреди-
Црквата на Адамстаун
-
Заливот Баунти
-
Луѓе се истоваруваат во заливот Баунти
Белешки
уреди- а Површина на островот Питкерн.
Надворешни врски
уреди- Податотеки поврзани со Адамстаун на Ризницата
- Туристички водич на Адамстаун на Travellerspoint (англиски)