Агенција за стоковни резерви
Агенцијата за стоковни резерви е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице. Агенцијата ги врши управните, стручните и други работи во врска со стоковните резерви. Со работата на Агенцијата раководи директор кој го именува Владата на Република Северна Македонија. Агенцијата за својата работа одговара пред Владата на Република Северна Македонија.
Агенција за стоковни резерви | |
---|---|
Податоци за органот | |
Надлежност | Влада на РМ |
Седиште | Скопје, Македонија |
Вработени | 29[1] (2022) |
Раководител | Месуд Јакупи |
Мрежно место | |
asr.gov.mk |
Стоковните резерви се користат во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди, еколошки катастрофи, како и при поголемо нарушување на пазарот. Формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви се врши врз основа на среднорочна и годишна програма. Собранието на Република Северна Македонија, на предлог на Владата на Република Северна Македонија, ја донесува среднорочната програма, за период од 5 години. Владата врз основа на среднорочната програма донесува годишна програма на предлог на Агенцијата за стоковни резерви.
Наводи
уреди- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2022 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. септември 2023. Посетено на 21 ноември 2024.