Агва (вулкан)

вулкан во Гватемала

Агва (познат како Хунапу на локалниот јазик на Маите) — стратовулкан кој се наоѓа во областите Сакатепеге и Есквинтла во Гватемала. Наоѓајќи се на 3,760 метри (12,340 стапки) надморска височина, вулканот Агва се издига на повеќе од 3.500 метри над пристаништето на Тихиот Океан на југ, и 2.000 метри над гватемалските планини на север. Вулканот доминира во локалниот пејзаж, и не може да се види само кога е скриен од облаците. Во областа од околу 5 до 10 км се наоѓа градот Антигва и неколку други големи градови сместени во северниот дел. Овие градови заедно имаат околу 100.000 жители, почнувајќи 20 км од градот Есквинтла и движејќи се на југ[1]. На долните падини на вулканот се одгледува кафе.

Агва
Вулканот Агва, поглед од Антигва, Гватемала. Улица прекриена со тепих, припрема за Великденските празници.
Највисока точка
Надм. вис.3,760 м
Координати14°27′54″N 90°44′35″W / 14.46500° СГШ; 90.74306° ЗГД / 14.46500; -90.74306
Име
ПреводВодениот вулкан (од шпански)
Географија
Агва is located in Гватемала
Агва
Агва
Сакатепеге и Есквинтла, Гватемала
Агва на карта

Карта

Геологија
ВидСтратовулкан
Вулкански лак/појасВулкански појас во Средна Америка
Последен избувнема кредибилни информации

Краток опис и историја

уреди
Локалните Какчикел луѓе одсегогаш го нарекувале вулканот Хунапу што значи „место на цвеќињата“ или Хун Ахпу' „еден ловец (датумот на календарот на светото место; типичен метод за именување на светите места во космовизијата на Маите)“ во тековната Какчикел орфографија. Шпанските конквистадори исто така вулканот го нарекувале Хунапу сè до 1541 година, кога лахарот од вулканот го уништил тогашниот главен град на Гватемала (познат како Сиудад Виеха) кој бил преместен на сегашната локација. Меѓу жртвите била и гувернерката Беатрис Де Ла Куева.[2] Со оглед на тоа што лахарот создал и огромна поплава од вода, ова го потикнало модерното име (шпански: Volcán de Agua) или „водениот вулкан“, за разлика од блискиот (шпански: Volcán de Fuego) или „огнениот вулкан“. Какчикелците го нарекувале уште и (шпански: Volcán de Fuego Chi Gag) што во превод би значело „таму каде што е огнот“ или „Chi Q'aq“ во оригиналниот Какчикел правопис.

 
Не постојат кредибилни податоци дека вулканот имал ерупција досега[3], меѓутоа постои потенцијал од излевање на огромна количина на вулкански остатоци, тиња и лахари кои би можеле да ги поплават населбите што се наоѓаат во близина.[1]. Ова е докажано со фактот дека на 11 септември 1541 година, новонастанатата населба која воедно била и главен град на Гватемала, вила на Сантјаго Де Лос Кабаљерос (шпански: Santiago de los Caballeros), била уништена од како што е кажано тогаш „огромно лизгање на земјиштето кое се спуштило од вулканот, додека тињата и лахарите кои со себе носеле тешки карпи уништиле дел од зградите а останатите поминале со големи оштетувања.“[4] Градот бил целосно уништен, имало голем број на жртви, додека преживеаните немале насока откако и гувернерката Беатрис Де Ла Куева загинала во катастрофата која се случила многу бргу откако нејзинот маж и претходниот гувернер Аделантадо Педро Де Алварадо починал а таа била назначена на неговата позиција.[5] На 9 септември 1541 година, кога Беатрис Де Ла Куева ги потпишала документите за преземање на позицијата гувернер, тоа било означено од народот како чин на грев (шпански: la sin ventura), фраза што некако испаднала пророчка.[6]

 
Во 1985 година, Ен Кери Моудслеј и нејзиниот сопруг, археолог Алфред Персивал Моудслеј, го посетиле регионот на Антигва како дел од патувањето низ земјата на Маите во Гватемала, и се искачиле на вулканот Агва; таа напишала книга наречена „Поглед на Гватемала“, во која објаснила дека водата од вулканскиот кратер не можела да го уништи стариот Сантјаго: „Обично се велело дека причината за оваа катастрофа е пукнатина на езерото кое било формирано во кратерот на угаснатиот вулкан Агва; но испитувањето на кратерот покажало дека ова тврдење не е сосема точно, бидејќи, пукнатината на ѕидот во кратерот е во спротивна насока, и водата што течела од неа не можела да стигне до градот. Покрај тоа, немало докази кои покажувале дека подлабокиот дел на кратерот, кој сè уште е непроменет, задржувал вода по пријавениот излив. Акумулацијата на вода за време на исклучително силниот дожд, преку некоја привремена опструкција во еден од длабоките жешки олуци ги измениле убавите падини на таа голема планина. Свлечиштето на земајта кое настанало потоа треба да се земе предвид за направената штета, а да се отфрлат мислењата на некои хроничари кои велеле дека тоа се случило поради вода во кратерот, или поради некои натприродни појави“.[8]

Вулканот последен пат бил покриен со снег во јануари 1967-ма година. Прогласен е за природно наследство во 1956 година и зафаќа површина од 12.600 хектари.[9] На 21 јануари 2012 година, 12.000 Гватемалци формирале човечки синџир кој се протегал сè до врвот на вулканот Агва во знак на протест против семејното насилство.[10]

Фотографии од вулканот Агва

уреди

Наводи

уреди
Белешки
  1. 1,0 1,1 S.P. Schilling, J.W. Vallance, O. Matías, and M.M. Howell, 2001, Lahar Hazards at Agua Volcano, Guatemala: USGS Open-File Report 01-432(на англиски)
  2. Езелбергс 2004
  3. „Агва (вулкан)“. Global Volcanism Program (англиски). Smithsonian Institution. 2013.
  4. Хуарос 1818, стр. 262.
  5. Хуарос 1818, стр. 263.
  6. Моудслеј & Моудслеј 1899, стр. 25.
  7. Моудслеј & Моудслеј 1899, стр. 28.
  8. Моудслеј & Моудслеј 1899, стр. 26.
  9. CONAP (January 2011). „Список на заштитени подрачја“ (шпански). conap.gob.gt. Архивирано од изворникот (xls) на 2011-10-08. Посетено на 14 June 2011.
  10. http://www.bbc.co.uk/news/world-latin-america-16669818
Литература

Надворешни врски

уреди