Агата Чабатони
Агата Чабатони е италијанска математичка логичарка, специјализирана за некласична логика. Работи во Институтот за логика и пресметка во ТУ Виена.[1]
Образование и кариера
уредиЧабатони е по потекло од Рипатрансоне. Студирала компјутерски науки на Болоњскиот универзитет[1] и докторирала во 2000 година, на Миланскиот универзитет. Нејзината дисертација, Доказ-теорија во мулти-вредносни логики, била надгледувана од Даниеле Мундичи.[2]
Таа се преселила во Виена во 2000 година, со поддршка на стипендијата на ЕУ Марија Кири, а во 2007 година ја заслужила својата хабилитација во ТУ Виена.[1] Останува поврзана со ТУ Виена, како професор на факултетот за информатика.[3] Исто така, работи на Колегиум Логикум како претседавач на серијата предавања за Курт Гедел друштвото.[4]
Придонеси
уредиЕден од проектите на Чабатони на ТУ Виена вклучувал користење на математичката логика за формализирање на етичкото расудување во Ведите, тело на индиски свети текстови.[5]
Признанија
уредиВо 2011 година, Чабатони ја освоила Старт-наградата на Австрискиот научен фонд, единствена жена што ја освоила наградата таа година.[1][6]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Eine logische Klasse für sich“, Der Standard, June 28, 2011
- ↑ Агата Чабатони at the Mathematics Genealogy Project
- ↑ Theory and Logic Group Staff, Faculty of Informatics, TU Wien, Посетено на 2018-12-10
- ↑ Organization, Kurt Gödel Society, Посетено на 2018-12-10
- ↑ Indian Sacred Texts and the Logic of Computer Ethics, TU Wien, January 29, 2018, Посетено на 2018-12-10
- ↑ START-Preis 2011 für Agata Ciabattoni, =TU Wien, Посетено на 2018-12-10
Надворешни врски
уреди- Home page
- Агата Чабатони објавени подредени дела од Гугл сколар