Автохтона банка „Вардар“
Aвтохтона банка „Вардар“ од Скопје — банка која функционирала во рамките на Кралството Југославија.
Историјат
уредиБанкарството во Кралството на Југославија била доста добро развиено. Вардарскиот дел од Македонија како дел од тоа кралство се наоѓала во тој банкарски систем и тоа важело најмногу за градот Скопје кој бил главен финансиски центар. Банка која важела како автохтона односно за домашна со домашен капитал била трговско-индустриската банка „Вардар“. Во оваа банка како главни акционери се јавувале, Трајко Хаџи Бошков трговец од Скопје Бенвенисти Камхи, Младен Поповиќ, Хаџи Васил Поповиќ, Милан Чемерегиќ и како акционер и директор Јосиф Арије.
Основање
уредиОваа банка е основана на 15 април 1920 година со основен капитал од 3.000.000 динари поделени во 30.000 акции од по 100 динари. По 1918 година Скопје имало потреба за основање на кредитна институција. По иницијатива на директорот Јосиф Арије, инаку претставник на еврејскиот капитал во Македонија, тогаш познат банкар во Скопје, заедно со неколку видни скопски трговци ја основале Трговско-индустриската банка-Вардар. Од почетниот капитал при самото отворање веднаш биле уплатени 40% од предвидениот капитал, додека остатокот се уплаќал сè до 1921 година. Во 1926 година нејзиниот капитал пораснал од 10.000.000 на 15.000.000 динари. Така во Скопје се создала една банкарска институција која можела веќе да се мери со поголемите банки во земјата.[1] Големите случувања од странство, економските нарушувања, падот на големите банки ја смениле ситуацијата и во Македонија. Годините од големата економска криза (1931-1934) кои биле најтешки за банкарството. Тоа било и за банката Вардар, но директорот Јосиф Арија успеал да ја зачува работата на оваа банка. По неговата смрт во 1936 г. како главен акционер и раководител веќе во работењето на банката целосно била навлезена Југословенската удружена банка која пак била во сопственост на Италиана комерциале од Милано- денешната позната банка Intesa и банката од Виена Creditanstalt Bankverein сега веќе дел од банката УНИ Кредит.
Наводи
уреди- ↑ Д-р Васко Дукмеџиев: Економската состојба на Македонија во Рамките на Кралството на Југославија (1929-1941), Скопје, 2014