Автопортрет (Рембрант, 1629)

Овој автопортрет од 1629 година од холандскиот сликар Рембрант ван Рајн е дел од Колекцијата на Фондацијата Клаус на Музејот на уметноста во Индијанаполис во Индијанаполис, Индијана. Тој е меѓу најраните од над 40 автопортрети на Рембрант (можеби првиот), што тој ги насликал во текот на четирите децении творчка работа[1].

Автопортрет
Творец Рембрант ван Рајн
Година 1629
Вид Масло на дрво
Место Музеј на уметноста во Индијанаполис, Индијанаполис

Опис

уреди

Иако имал само дваесет и три години кога ја создал оваа слика, Рембрант се истакнал со импресивна низа уметнички техники за да ја исполни целата психологија со емоции и драматичност . Забележливо е неговото карактеристично осветлување и густата атмосфера. Тој користел скоро монохроматски нијанси и инцизивна постапка, исцртувајќи ги одделните влакна на косата со гребење во влажната боја, за да го создаде одредена скоро кинетичка уверливост. Студиите како ова му овозможиле да ги создаде своите подоцнежни големи уметнички дела, кои толку автентично ги прикажуваат чувствата на ликовите.[2].

Историја

уреди

Во времето на создавањето на овој портрет, Рембрант сè уште бил млад, неафирмиран сликар во неговиот роден град Лајден. Работел како газда во своето мало ателје, тој постепено го усовршувал своето сликарство,, избегнувал да ангажираат професионален модел, уште оддтогаш осврнувал кон својата интроспекција[3].

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди