Птичарство

(Пренасочено од Авикултура)

Птичарство или авикултура – практика на чување и одгледување птици и културата што се формира околу нив. Птичарството не е насочено само кон одгледување птици, туку и кон зачувување на птичјите живеалишта и јавни кампањи за подигање на свеста.

Пример на птици во заробеништво

Видови

уреди

Постојат многу причини луѓето да се вклучат во процесот на птичарство. Некои одгледуваат птици за да ги зачуваат видовите, некои ги одгледуваат како домашни миленици, додека некои го прават тоа за да остварат профит.

Птичарството е процес на одгледување птици во заробеништво, во контролирани услови, обично во кафез, за хоби, деловни активности или за истражување и зачувување на видовите.

Некои важни причини за занимавање со птичарство се: размножување птици за зачувување на видовите, имајќи предвид дека многу видови се во опасност поради зголемено загрозување на живеалиштата и природни катастрофи. Птичарството поттикнува зачувување, обезбедува едукација за видовите птици, обезбедува приказ на птици пред јавноста и вклучува истражување за поведението на птиците.

Вистинското значење на птичарството го опишал д-р Жан Делакур, најпосветената, највлијателната и најценетата личност во историјата на авикултурата:

Птичарство - хоби во светот за чување и размножување на бројни видови диви птици во заробеништво за да се задржи нивниот бројен статус во дивината, со тенденција да се спречи нивното истребување со набавка на залихи за размножување.

— Жан Делакур

Авикултурни друштва

уреди

Авикултурни друштва постојат низ целиот свет, главно во Европа, Австралија и Соединетите Американски Држави, каде што луѓето имаат тенденција да бидат попросперитетни и имаат повеќе слободно време за инвестирање. Првото авикултурно друштво во Австралија било Авикултурното друштво на Јужна Австралија, основано во 1928 година. Денес се вика „Зачувување на птиците во Австралија“. Двете главни национални авикултурни здруженија во Соединетите Држави се „Американската федерација на птичарство“ и „Авикултурно американското здружение“, обете основани во 1927 година. Во Велика Британија, авикултурното друштво било формирано во 1894 година.

Публикации и друштва

уреди

Публикациите од областа на птичарството вклучуваат книги за видови миленичиња, размножување и воведни книги за папагали и мекоклунци. Постои и периодичен печат, општ и посебен за одредени видови птици, со написи за размножување, дружење, избор на птици и здравствени ефекти.

Најстарото авикултурно општество во Америка е Авикултурното американско друштво (англиски: Avicultural Society of America, скратено ASA, основано во 1927 година.[1] Издава двомесечно списание наречено ASA Avicultural Bulletin. ASA е непрофитна организација која се фокусира на размножување, конзервација, реставрација и едукација.

Авикултурно здружение на Јужна Австралија (англиски: Avicultural Society of South Australia, скратено ASSA; основано во 1928 година) [2], издава месечно списание за бои. Таа се занимава со сите аспекти на авикултурата во Австралија. ASSA е регистрирана како образовна организација со мотото: „Основана во 1928 година, за едукација, грижа, размножување и зачувување на птиците“.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди