Абелисаурус
Abelisaurus
Период: Доцна креда, Предлошка:Опсег на фосили
Реконструкција на черепот „Абелисаурус“ со оригинални коски на холотипот. Скала = 10 см
Научна класификација
Типски вид
Abelisaurus comahuensis
Бонапарта & Новас, 1985
Синоними

Абелисаурус (Abelisaurus) е од родот на диносаурусите наречени абелисаурус, кои живееле во доцниот период на креда во Јужна Америка, (Аргентина).

Тој бил месојад со две нозе, веројатно долг околу 7-9 метри. Големината е одредена само со истражувањето на черепот, единствениот познат дел од скелетот.[1].

Опис и име уреди

Општото име потекнува од Роберт Абел, откривач и поранешен директор на Музејот во Циполетија (Аргентина), каде што е пронајден примерокот. Името значи „гуштер на Авел“ (од грчки саурос - гуштер). Черепот на абелисаурус Потекнува од регионот Комахју во Аргентина, каде што се пронајдени остатоците. Ова име го дале аргентинските палеонтолози Хосе Бонапарта и Фернандо Новас во 1985 година, кои гокласифицирале во новооткриеното семејство на Абелисаурус[2].

Наоди од фосили и детерминизација уреди

Абелисаурус е еден од многуте диносауруси откриени во Патагонија . Првично се мислело дека потекнува од формацијата Ален, но систематските истражувања довеле до заклучок дека тој припаѓал повеќе на формацијата Анаклето во провинцијата Рио Негро (Аргентина). Тоа е јужноамериканска геолошка формација која е датирана од периодот на рана креда, пред 83 до 80 милиони години[3].

Класификација уреди

Веќе се откриени многу други Авелисаури, вклучувајќи комплетни скелети на Акасаурус, Карнотаурус и Мајунгасаурус. Некои научници сметаат дека Абелисаурус е основен претставник на оваа група, надвор од потсемејството карнотаурус. Другите се помалку сигурни во неговата класификација Авелисаурите имаат некои одлики на черепот со кархародонтосаурусите, и бидејќи Абелисаурус е познат само од черепот, иднината може да покаже дека тој всушност бил еден од кархародонтосаурусите. Сепак, ова не се смета за веројатно.

Наводи уреди

  1. „Abelisaurus“. Архивирано од изворникот на 2020-11-17. Посетено на 2021-02-26.
  2. „Abelisaurus“. Архивирано од изворникот на 2020-10-21. Посетено на 2021-02-26.
  3. Abelisaurus pictures and facts

Надворешни врски уреди