Симиќева кула

(Пренасочено од Абединова кула)

Симиќева кула (првично наречена Абединова кула) — кула во градот Кратово, една од шесте кули кои останале од средновековниот и османлискиот период на градот. Изградена е во доцниот среден век во 1370 година.[1]

Поглед на кулата.

Градба и димензии

уреди

Обликот на кулата е правоаголен со надворешна ширина на ѕидовите од 7,9 м. Јужниот ѕид е висок 21,95 м, а ѕидовите на приземјето се дебели 2 м , додека кај прозорците се дебели 91 см. Внатрешно е поделена на сводови со четири ката. Вратите се поставени на источната страна и се високи 3,35 м. Внатре во кулата се влегувало преку подвижни скали кои по потреба се тргале. Тие врати не постојат и се заѕидани и како замена биле отворени врати од спротива. За во горните катови се стигнува преку камени скали направени на јужниот ѕид и оделе до третиот кат. Тие се широки 73 см. До четвртиот кат продолжуваат дрвени скали. Кулата вкупно има 69 скалила. Кулата е целосно покриена со плочи. Покривот содржи два оџаци градени од делкан камен. Едниот е на северната страна и е висок 2,5 м, додека другиот е на источниот дел и е висок 2,2 м.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Митевски, Илија (2018). Историјата и културата на Кратово и Кратовско од најстарите времиња до денес. Кратово. стр. 120. ISBN 9786086626501.