Џорџо Нуриџани
Џорџо Нуриџани (1892–1981) бил италијански писател, новинар, јазичар и историчар[1]. Роден е во Рим.
Нуриџани меѓу двете светски војни престојува во Софија (Бугарија), каде за првпат се сретнува со идеите и идеалите на ВМРО (Обединета), коишто пак тогаш и ја добиваат неговата наклонетост. Автор е на повеќе книги и трудови во врска со Македонија: “Македонска трагедија” (Софија 1933 г.), “Македонија – вчера и денес” (Рим 1966 г.), “Македонскиот гениј низ вековите” (Рим 1972 г.) итн. Во 1967 г. соработува со јазичарот Наум Китановски и во Рим издаваат Италијанско – македонски речник. Иницијатор е на повеќе проекти во плодната италијанско – македонска културнa и политичка соработка.
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедија Македоника, Скопје 2009 г., стр 1060