Џорџето Џуџаро
Џорџето Џуџаро (роден на 7 август 1938 г.) е италијански автомобилски дизајнер, подеднакво одговорен како за развојот на т.н. супер автомобили, така и за популарните автомобили што се возат секојдневно. Роден е во Гарешо, провинција Кунео, регион Пиемонт во Италија.
Во 1999 г. Џуџаро беше прогласен за Автомобилски дизајнер на годината, а во 2002 г. е примен во Automotive Hall of Fame.[1]
Освен автомобили, Џуџаро има дизајнирано и тела за фотоапаратите Никон (Nikon), компјутерски прототипови за Ејпл (Аpple), а разви и нова форма на пастата “Мерил“ (Marille).
Модели дизајнирани од Џуџаро
уреди-
Alfa Romeo Giulia Sprint GT од 1972 г.
-
VW Golf I од 1974 г.
-
DeLorean DMC-12 од 1981 г.
-
Lotus Esprit S1 од 1977 г.
-
AMC/Eagle Premier од 1988 г.
-
Alfa Romeo 159 од 2005 г.
-
Ford Mustang концепт од 2006 г.
Извори
уреди- ↑ „Hall of fame“. Архивирано од изворникот на 2006-05-07. Посетено на 2009-11-15.