Џип (марка)

марка на возила

Џип (англиски: Jeep) — американска автомобилска марка во сопственост на мултинационалното претпријатие Стелантис (Stellantis).[1][2] Претходно, од 1987 година, Џип бил сопственост на американскиот автопроизводител Крајслер (Chrysler) кој, пак, ја купил оваа марка од претпријатието Американ Моторс Корпорејшн (American Motors Corporation, AMC). Марката „Џип“ се однесува само на теренски возила (Sport Utility Vehicle, SUV). Во 2016 година биле продадени 1,4 милиони примероци Џип, што претставува голем пораст во споредба со 2008 година, кога продажбата изнесувала 500 000 возила.[3][4] Од вкупната продажба, две третини отпаѓа на Северна Америка,[5] Во САД, над 2 400 дилери го имаат правото да ги продаваат возилата од марката Џип, а се смета дека, кога би било посебно претпријатие, Џип бив редел меѓу 22 и 33,5 милијарди долари.[5][4] Главен извршен директор на марката Џип е Антонио Филоса.[6]

Џип Вранглер Рубикон

Актуелни модели

уреди

Надворешни врски

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Chrysler 8-K/A SEC filing“ (PDF). secdatabase.com. 3 December 2012. Посетено на 18 January 2015. ... served as the auditor for Fiat S.p.A. and its consolidated subsidiaries, which include Chrysler Group
  2. „Chrysler Group LLC“. InsideView company data. Архивирано од изворникот на 27 September 2013. Посетено на 18 January 2015. Chrysler Group LLC operates as a subsidiary of Fiat North America LLC
  3. Peterson, George (24 February 2017). „Jeep Guns For 2 Million In Annual Sales“. Forbes. Посетено на 10 November 2020.
  4. 4,0 4,1 Snavely, Brent. „Could Fiat Chrysler spin off Jeep, Ram? 'Yes'. Detroit Free Press. Посетено на 30 May 2019.
  5. 5,0 5,1 „China's Great Wall wants to buy Jeep“. Automotive News Europe. 18 August 2017. Посетено на 30 May 2019.
  6. Stellantis NV. "Stellantis Announces Changes in Leadership Team". Соопштение за печат.