Џејмс Бонд 007: Дозвола за убиство (филм)

Џејмс Бонд 007: Дозвола за убиство е филм за тајниот агент Џејмс Бонд, во режија на Џон Глен.

Факти за филмот

уреди

Филмот е режиран од режисерот Џон Глен, а главните улоги ги толкуваат Тимоти Далтон, Талиса Сото и Роберт Дави. Овој филм е дел од циклусот посветен на тајниот агент Џејмс Бонд.[1]

Содржина

уреди

Во филмот, за првпат во целиот серијал, Бонд не работи за британската тајна служба, туку на своја одговорност прави план и го одмаздува својот американски пријател Феликс Лејтер. На денот на сопствената венчавка, тој пука во опасниот трговец со дрога Санчес, кој, сепак, успева да побегне. Санчес им наредува на неговите луѓе да го повредат Феликс и да ја убијат неговата жена. Бидејќи одбива да се врати во Британија и да ја прекине истрагата, Бонд е принуден да даде отказ од работата во британската тајна служба. Наместо тоа, Бонд се вовлекува во организацијата на Санчес по што следуваат бројни доживувања.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Антена, број 812, 17.1.2014, стр. 11.
  2. Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 16.